„Металците“ одиграа сигурно во најголемиот дел од натпреварот и уште во првото полувреме создадоа убедлива предност од 47:31, со што го контролираа текот на мечот во салата „Јане Сандански“.
Иако Маџари во вториот дел успеа да се врати резултатски и во финишот да намали на само три поени негатива (76:79), сепак избраниците на МЗТ останаа смирени во клучните моменти. Гостите имаа и напад за израмнување, но Димчевски не реализираше обид за три поени, по што Петков со сигурни слободни фрлања ги постави конечните 81:76.
Најефикасен во победничкиот состав беше Смит МекСвејн со 19 поени, осум скока и три асистенции, додека Војдан Стојановски натпреварот го заврши со 18 поени.
Кај Маџари најрасположен беше Луис со 25 поени, а солиден настап имаа и Армстронг со 17, Хот со 14 и Савиќ со 11 поени.
Третиот натпревар од финалната серија се игра во недела, кога Маџари ќе биде домаќин и ќе се обиде да ја продолжи битката за титулата, додека МЗТ Скопје ќе ја бара третата победа и нов шампионски пехар.
Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.
КК Соколи 1933 продолжува со создавањето на конкурентен состав за новата сезона, а штипскиот клуб во своите редови донесе две искусни македонски имиња...
Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со Марија Бојкова, која е повратничка во редовите на поранешниот шампион на...
КК Соколи 1933 продолжува со создавањето на конкурентен состав за новата сезона,...
КК ТФТ продолжува да го гради својот состав со фокус на младите...
МКК Куманово го официјализираше ангажманот на Алек Петкоски, кој во новата сезона...
Кошаркарите на МЗТ Скопје вчера го одработија првиот тренинг во пресрет на...