ФудбалФутсал

Клими забележа голем триумф против Јувентус Серава во гости!

Сподели
ФОТО: KMF Juventus Serava | АРХИВА
Сподели

Екипата на Клими со триумф од 4:8 во гостин над Јувентус Серава го отвори осмото коло на Првата футсал лига.

Кавадаречкиот тим дојде до второто сезонско славје, откако се радуваше на голема победа.

Сами Аљиљи беше стрелец на првиот гол на оваа средба, а за домашниот тим хет-трик постигна Армандо Алијевиќ, додека пак за гостите од Кавадарци двојни стрелци беа Мартин Никовиќ, Петар Левков и Димитар Чоков, а по еден гол постигнаа Никола Засдовски и Виктор Аризанов.

Денес се игра големото дерби во Куманово меѓу Форца и Проект од 19 часот, утре Црна Река дома ќе игра со Бутел важен натпревар. Во понеделник Кеги Моби ќе го пречека Железарец, а колото се затвара дури во вторник меѓу Осогово и Шкупи, меч кој се игра во Крива Паланка.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

КупФудбал

ПОЧЕТНИ СОСТАВИ: Како ќе играат Тиверија Брера и Каменица Саса?

Денес на стадионот во Ѓорче Петров се игра Куп финалето меѓу Каменица...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!