Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Миленкоски го скрати списокот, Македонија продолжува со подготовки во Скопје

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Селекторот Јошко Миленкоски и неговиот стручен штаб решија да им овозможат краток одмор на играчите кои беа присутни уште од стартот на подготовките, а од утре на тимот ќе му се приклучат и интернационалците Никола Ѓоргиев, Владо Милев и Филип Маџунков.

По завршувањето на првиот дел од подготовките, Миленкоски го скрати списокот на 17 одбојкари на кои ќе смета за претстојните предизвици. Поголеми изненадувања нема, а главниот товар повторно ќе го понесат искусните репрезентативци. Воедно, можност за докажување добиваат и младите Лука Ристоски, Јован Милев, Митко Спасов и Филип Јованов.

Македонските одбојкари во Скопје ќе тренираат до 27 мај, кога заминуваат за Подгорица каде ќе одиграат два пријателски натпревари против репрезентацијата на Црна Гора, како дел од финалните подготовки пред стартот на Европската лига 2026. Првиот турнир Македонија ќе го одигра од 5 до 7 јуни на домашен терен, во салата „Парк“ во Струмица.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

КупФудбал

Тиверија Брера и Каменица Саса по втора Куп титула – финале со богата историја и голем влог!

Женскиот фудбалски Куп на Македонија ќе донесе ново возбудливо финале, во кое силите ќе ги одмерат Тиверија Брера и Каменица Саса – две...

Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па така кондициониот тренер Матеј Јовановски и официјално ја продолжи соработката и...

Поврзани написи
Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Хаџииљоски: Вие сте гордоста и иднината на македонската одбојка

Потпретседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Ивица Хаџииљоски, заедно со генералниот секретар...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Гавриловиќ: Со работа и дисциплина можеме да направиме нешто големо

Новиот селектор на женската сениорска репрезентација на Македонија, Милош Гавриловиќ, денеска во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!