Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вардар без проблеми славеше над Топ Гол во Битола

Сподели
Сподели

Фудбалерките на Вардар со убедливи 1:4 го добија „фенерџијата“ Топ Гол среде Битола во рамки на 24. коло на Првата женска фудбалска лига.

Јулија Живиќ погоди во 24. минута за 0:1 на полувреме. Во вториот дел Теодора Јанковска постигна гол за 0:2 во 46. минута, а една минута подоцна Александра Ристевска постигна гол за 1:2.

До крајот Јелена Радевич во 69. минута беше прецизна за 1:3, а во завршните мигови од мечот Ивана Милевска погоди за конечни 1:4.

Претходно, како што објави Спортска Мрежа во деталниот извештај Истатов го доби Ас Јунајтед со 3:2, Љуботен загуби од Тиверија Брера со 1:4, Каменица Саса со 2:1 го доби новиот шампион Скопје.

Колото ќе се затвори на 13 мај со мечот меѓу Кочани и Речица.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на новата натпреварувачка сезона, а најново име во редовите на кратовци е...

Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата потврда за тоа е продолжувањето на соработката со искусното десно крило...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на...

Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во...

Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!