Трета лигаФудбал

Могила го доби Кравари, реми во Ношпал, Света Троица со победа во Струга

Сподели
ФОТО: ФК Света Троица
Сподели

Во рамки на денешното 17. коло на Трета лига – Југозапад се одигра дерби за престиж меѓу шампионот Влазними и Славеј од Мешеишта во Струга.

Тимот на Влазними ќе игра бараж за влез во Втора лига, а денес против гостинот од Мешеишта обезбеди уште еден триумф како загревање за тоа што ќе следува пред тимот од Струга во бараж дуелот за влез во Втората македонска фудбалска лига.

Како можен противник на Влазними во баражот може да биде Камјани, Еуромилк ГЛ, Борец, Овче Поле или Победа Валандово (во Трета лига – Исток и натаму е неизвесно за шампионското место), како и Кожуф, Тетекс или Каменица Саса од второлигашите.

Могила пак играше дерби против Кравари на домашен терен, каде преку головите на Алимовски и Сакурмовски славеше триумф од 2:1. За гостинската екипа стрелец беше искусниот Иве Трифуновски.

Во Ношпал се играше натпреварот меѓу Напредок и Демир Хисар каде исходот беше 2:2 за делба на бодовите. Александар Кочишки во 2. минута го отвори резултатот за водство од 1:0. Во вториот дел гостинот преку Трајче Андрески и Димитар Дамчевкси го сврте резултатот на 1:2. Во 87. минута Владе Јанакиевски погоди за конечни 2:2.

Екипата на Света Троица од Охрид денес гостуваше во Струга каде се соочи со некогашниот второлигаш, охриѓани со 1:3 беа подобри.

Домаќинот преку Лука Богданоски го отвори резултатот во 18. минута за водство од 1:0, а до крајот на првиот дел Света Троица преку Шенол Меди и Димитар Кочески успеа да дојде до 1:2. Во вториот дел Никола Угриноски постигна гол за конечни 1:3.



Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

„Денови на женскиот ракомет“ во Ѓорче Петров: Два дена спорт, традиција и нова енергија

Општина Ѓорче Петров претстојниот викенд ќе биде во знакот на женскиот ракомет, со одржувањето на спортската манифестација „Денови на женскиот ракомет“, посветена на...

Трета лигаФудбал

Поранешниот репрезентативец Дејан Блажевски го засили Њу Старс

Њу Старс од Скопје доби сериозно засилување за новата сезона, откако дресот на клубот го задолжи искусниот 40-годишен Дејан Блажевски. Поранешниот македонски репрезентативец...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Поранешниот репрезентативец Дејан Блажевски го засили Њу Старс

Њу Старс од Скопје доби сериозно засилување за новата сезона, откако дресот...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф се засили со младиот Благој Стојчев

Второлигашот Кожуф од Гевгелија се засили со младиот Благој Стојчев, кој доаѓа...

Втора лигаФудбал

Пелистер сигурен против Работнички, Брера славеше над Македонија ЃП

Со два дуели на лански прволигаши се затвори четвртото коло на Втората...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!