Прва лигаФудбал

Брера и Тиквеш ги „преселија“ Работнички и Македонија ЃП во Втора лига, реми на Арсими и Башкими

Сподели
ФОТО: ФК Брера Струмица
Сподели

31. коло во Првата македонска фудбалска лига донесе вистинска драма во битката за опстанок, а по денешните резултати и математички стана јасно дека Македонија Ѓорче Петров и Работнички следната сезона ќе играат во Втората лига.

Најголем удар претрпе Македонија ЃП, која на домашен терен беше убедливо поразена од Тиквеш со 4:1. Кавадарчани одиграа одличен натпревар и уште во првото полувреме најавија сигурен триумф со головите на Виздом Окере и Сила Н’Фанли. Во продолжението Н’Фанли уште еднаш се запиша меѓу стрелците, а Лусијано погоди за 4:0. Единствениот погодок за „лавовите“ го постигна Хозе Перес Кабаркас во самиот финиш.

Во Струмица, АП Брера и Работнички одиграа возбудлив натпревар без победник (2:2), резултат кој беше недоволен за скопскиот тим да ја продолжи надежта за опстанок. Работнички поведе уште во воведните минути преку Дитмир Хоџа, но Никола Величковски со два погодоци направи пресврт за струмичани. Напаѓачот на Брера имаше можност и за хет-трик, но не реализираше пенал откако Фабрис Ондоа го одбрани неговиот удар. Работнички во второто полувреме остана со играч помалку по исклучувањето на Егзон Белица, но и покрај тоа успеа да стигне до бод преку Јован Бошнаков.



Без победник заврши и директниот дуел меѓу Арсими и Башкими (1:1), резултат кој дополнително ја зголеми неизвесноста во борбата за избегнување на баражот. Арсими поведе уште во шестата минута преку Рамадани, а погодокот беше признат по ВАР проверка. Башкими во второто полувреме пропушти пенал преку Никел Ор, кој ја погоди пречката, но истиот фудбалер подоцна со удар со глава донесе израмнување и вреден бод за гостите.

На две кола до крајот ситуацијата на табелата останува максимално неизвесна. Башкими има 41 бод, Арсими 40, Брера Струмица 37, а Пелистер 36 бодови. Во зоната за директно испаѓање веќе се Македонија Ѓорче Петров, Работнички и Шкупи.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!