Турнири

Во тек се пријавувањата за Новогодишниот турнир во мал фудбал „Куклиш 2024“ – 150.000 денари за прво место!

Сподели
АРХИВА
Сподели

Во тек се пријавувањата за овогодинешното издание од Новогодишниот турнир во мал фудбал „Куклиш 2024“, струмичко, турнир каде првопласираната екипа ќе освои 150.000 денари.

Пријавувањата се отворени до 3. декември, а ден подоцна ќе започне турнирот, каде второпласираниот тим ќе освои парична награда од 70.000 денари, за третопласираната екипа е предвидена парична награда од 30.000 денари, додека пак за четвртопласираната екипа ќе следува награда од 10.000 денари.

Организаторот на овој турнир предвидува и награди за најдобар стрелец, најдобар играч и најдобар голман.

Котизацијата по екипа изнесува 5.000 денари, а пријавувањето на екипа можете да го направите на 077 / 731 – 748 кај Добре.

Натпреварите ќе се одиграат во Спортската сала „Тодор Александров“ во село Куклиш, Струмица. Како и во изминатите изданија, така и оваа година интересот освен од екипите е голем и од публиката, која во целост ја исполнува единствента трибина во оваа спортска сала, со одлична навивачка атмосферата, а со тоа потврда за одличната организација на овој турнир, за кој интересот е се поголем од година во година.

Спортска Мрежа ќе биде медиумски покровител на овој спортски настан, кој од година во година прераснува во голем спортски настан на кој учество земаат екипи од цела Македонија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Турнири

ЦСКА Софија ја засилува елитата: Интернационал Мастерс Куп добива уште еден фудбалски гигант

Југоисточна Македонија во мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал, а...

Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!