ФудбалФутсал

Марио Благојевски е најдобар стрелец во Првата футсал лига!

Сподели
ФОТО: Ilhan Osmani
Сподели

По седум одиграни кола во Првата футсал лига на Македонија најдобар стрелец е Марио Благојевски, играчот на Проект кој има постигнато 13 погодоци.

На второто место на листата на стрелци е Даниел Марињо Де Соуза, фудбалерот на шампионот Форца има постигнато 12 погодоци. На третото место е Давид Ристовски од екипата на Осогово со 10 погодоци, додека пак на четвртото место е Исмет Цека со осум погодоци од екипата на Шкупи.

  • Погледнете ја листата на најдобри стрелци:

 

Голови Играч Клуб
13 Благојевски Марио КМФ ПРОЕКТ
12 Марињо Де Соуза Даниел КМФ ФОРЦА 2015
10 Ристовски Давид КМФ ОСОГОВО 2022 Крива Паланка
8 Цека Исмет КМФ ШКУПИ 1927 ДОО
7 Никовиќ Мартин КМФ КЛИМИ Кавадарци
7 Алили Иљбер КМФ ШКУПИ 1927 ДОО
7 Аризанов Виктор КМФ КЛИМИ Кавадарци
7 Беррио Хојос Кристиан Алберто КМФ ФОРЦА 2015
7 Исмаили Таулант КМФ ФОРЦА 2015
7 Коцев Александар ФК ЦРНА РЕКА/КМФ
7 Манџуковски Давид КМФ БУТЕЛ 2022
7 Ристовски Петар ФК ЦРНА РЕКА/КМФ
7 Сефери Еркан КМФ ШКУПИ 1927 ДОО
6 Гомез Ванегас Камило Андрес КМФ ФОРЦА 2015
6 Зекири Јасир КМФ ФОРЦА 2015
6 Левески Зоран КМФ ФОРЦА 2015
6 Рамадани Берат КМФ ФОРЦА 2015
6 Тодоровски Мартин КМФ ОСОГОВО 2022 Крива Паланка
6 Шабани Фуркан КМФ ЈУВЕНТУС СЕРАВА
5 Атанасовски Марио КМФ КЕГИ-МОБИ Велес
5 Димков Виктор КМФ ОСОГОВО 2022 Крива Паланка
5 Мицевски Адријан КМФ ОСОГОВО 2022 Крива Паланка

По завршување на есенската полусезона ќе ја објавиме комплетната листа на најдобри стрелци, а што се однесува до постигнатите автоголови, вкупно четири се постигнати. Дамјан Ангеловски и Кристијан Станојковски од екипата на Осогово, Мартин Никовиќ и Жарко Спасовски од екипата на Клими.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

КупФудбал

ПОЧЕТНИ СОСТАВИ: Како ќе играат Тиверија Брера и Каменица Саса?

Денес на стадионот во Ѓорче Петров се игра Куп финалето меѓу Каменица...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!