ФудбалФудбалска репрезентација

Љупчо Трајковски повеќе не е дел од ФФМ!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека е раскинат договорот со Љупчо Трајковски, кој беше ангажиран во повеќе улоги во рамки на федерацијата.

Трајковски во моментот ја извршуваше функцијата спортски директор на ФК Тиквеш, а воедно беше дел од Спортската академија на ФФМ како тренер на генерацијата 2011, како и асистент на селекторот Горан Станковски во репрезентацијата до 15 години.

Од ФФМ упатија благодарност за неговиот досегашен ангажман и придонес во развојот на младите фудбалери, посакувајќи му многу успех во понатамошната кариера.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе го суди дербито меѓу Струга и Шкендија, Ќерими на Башкими и Брегалница, Качевски главен во Кратово

Рундата број 13 во Првата македонска фудбалска лига ќе се игра во три дена, се отвара во утре со мечот во Кавадарци меѓу...

Поврзани написи
✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!