Ракомет

Европска бајка во Охрид: „Гладијаторите“ по пенал-драма до историско финале!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели



Ракометарите на ГРК Охрид испишаа историја, откако по драматична завршница и подобро изведување на пенали го елиминираа Целје и се пласираа во финалето на Европскиот куп на ЕХФ.

Во преполната сала „Билјанини Извори“, избраниците на Борис Ројевиќ одиграа натпревар за паметење. По израмнетите 25-24 во регуларниот дел (11-11 на полувреме), победникот мораше да се решава од седум метри, каде охриѓани беа посигурни и славеа со вкупни 28-26.

Стартот му припадна на гостинскиот тим кој поведе со 0-2, но Охрид брзо се врати и преку Јагуриновски, Јасухира и Тасески стигна до прво водство. До паузата се водеше израмнета битка, а голманот Пилиповиќ се истакна со неколку клучни интервенции.

Во второто полувреме продолжи неизвесноста. Се играше гол за гол, со постојани пресврти и минимални разлики. Јапонецот Косуке Јасухира беше вистински лидер на теренот со осум погодоци, додека Стрмљан беше перфектен со „седум од седум“.

Во самата завршница драмата кулминираше – Охрид имаше предност од 25-23, но Целје со погодок во последните секунди избори пенал-рулет.

Во серијата од седум метри, за охриѓани погодија Ојлески, Јасухира, Ќосевски и Ѓукиќ, додека клучниот момент беше промашувањето на Макуц, што предизвика ерупција од радост на трибините.

Со оваа победа, Охрид обезбеди историски пласман во финалето, каде за противник ќе ја има унгарската Татабања. Финалните натпревари се закажани за крајот на мај, каде македонскиот претставник ќе има шанса да ја круниса својата европска сезона со трофеј.



Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Вардар – Кочани

Во рамки на 23. коло на Првата женска фудбалска лига екипата на Вардар како фаворит на домашен терен ќе се соочи со Кочани....

Ракомет

„Сите го даваат срцето и последниот атом сила за Охрид“ – Ројевиќ пресреќен по историското европско финале!

Охрид се пласираше во финалето на ЕХФ Европскиот куп, а тренерот Борис Ројевиќ по историскиот успех истакна големо задоволство од тимот и борбеноста...

Поврзани написи
Ракомет

„Имавме среќа со пеналите“ – Стрмљан по драмата со Целје!

Охрид избори историско финале во ЕХФ Европскиот куп, а значаен придонес во...

Ракомет

„Со нетрпение го чекаме финалето“ – херојски Охрид го елиминира Целје!

Охрид се пласираше во финалето на ЕХФ Европскиот куп, откако по драматичен...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!