Трета лигаФудбал

Преспа од Ресен е есенски шампион во Трета лига – Југозапад, уште две екипи ќе се борат за шампионска титула!

Сподели
Сподели

Со 11 одиграни кола заврши есенската полусезона во Третата македонска фудбалска лига – Југозапад, есенски шампион е Преспа од Ресен со 28 бодови на своето конто.

Ресенчани имаат учинок од девет победи, едно реми и еден проаз со 15 постигнати погодоци, а седум примени со што ја имаат најдобрата одбрана.

На второто место е Кораби од Дебар, ланскиот шампион во Трета лига – Југозапад кој не го помина баражот за Втора лига има 27 бодови. Поранешниот второлигаш сака одново да биде шампион и сака нов бараж за влез во Втората лига, откако ланскиот не го помина бидејќи беше поразен од Вардарски.

На третото место е Сатеска од Волино вистинско изненадување е овој тим, кој собра 26 бодови, само два помалку од лидерот Преспа. Сатеска го има најдобриот напад кој реализираше 40 погодоци, но одбраната во некој сегменти потфрли и прими 22 погодоци.


Сатеска го има најдобриот стрелец во лигата, тоа е Никола Секулоски кој е вистинска гол-машина, откако постигна фантастични 23 погодоци или повеќе од половина погодоци се дело на Секулоски.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ЈУГОЗАПАД:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК ПРЕСПА 11 9 1 1 25 7 +18 28
2 ФК КОРАБИ 11 9 0 2 28 17 +11 27
3 ФК САТЕСКА с.Волино 11 8 2 1 40 22 +18 26
4 ФК КРАВАРИ 11 5 2 4 28 14 +14 17
5 ФК ЕВРОТИП ОНЛАЈН 11 5 1 5 19 15 +4 16
6 ФК КАРАОРМАН 2017 11 5 0 6 18 20 -2 15
7 ФК ВЛАЗНИМИ 11 4 1 6 18 22 -4 13
8 ФК Велешта Унитед 11 4 1 6 28 42 -14 13
9 ФК СВЕТА ТРОИЦА 2021 11 2 5 4 17 19 -2 11
10 ФК СЛАВЕЈ с.Мешеишта 11 3 2 6 17 26 -9 11
11 ФК ДЕМИР ХИСАР 11 3 1 7 14 18 -4 10
12 ФК СВЕТЛОСТ 11 1 0 10 11 41 -30 3

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Некатегоризирано

Камлес Градба однесе две високи победи, Капе Верде со висок пораз во Чардаклија

Екипата на Камлес Градба забележа две победи вечерва на Меморијалниот турнир „Влатко Петров“ во Чардаклија, откако на првото меч со 6:4 го доби...

Турнири

Фреигхт Оне во моќно издание на турнирот во Ораовица, Вергови постигна девет гола за убедлива победа

Нови натпревари, нови возбудувања и многу погодоци и вечерва на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“, а екипата на Фреигхт Оне однесе две...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Тодоровски: Ова е многу важен триумф за нас, успеавме да ја надиграме Брегалница

Вардар победнички ја отвори новата сезона во која ќе ја брани титулата,...

Втора лигаФудбал

Кожуф минимално го доби Новаци на пријателски меч, Ашовалиев стрелец на погодокот

Второлигашите Кожуф и Новаци одиграа пријателски натпревар кој заврши со минимална победа...

Втора лигаФудбал

Детонит Плачковица се засили со Зоран Андонов и Асан Рифадов

Второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш продолжува со екипирање на тимот за новата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!