Трета лигаФудбал

Шкендија Арачиново осамена на врвот во Трета лига – Север – сигурно ита кон баражот за Втора лига!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

По 12 одиграни кола Шкендија Арачиново е перфектна и гази кон баражот за Втора лига, целта која минатата сезона не се оствари, третолигашот од Арачиново оваа сезона сигурно ја остварува.

Пет бодови повеќе од второпласираната од Фортуна, а дури десет повеќе од третопласираниот Еуромилк ГЛ и Аеродром е веќе сериозна предност за одличната Шкендија Арачиново.

Најефикасен напад од 40 постигнати погодоци и најдобра одбрана од само еден примен гол, Шкендија Арачиново доминира, а тоа прави притисок и во Втората лига со цел избегнување на 14-тото место кое води во баражот за опстанок, бидејќи второлигашот кој ќе води борба за опстанок преку бараж може да налета на Шкендија Арачиново.

Сезонава фокусот ќе биде во долниот дел од табелата и опстанокот во Трета лига – Север, со оглед на тоа што Шкендија Арачиново веќе се одвојува на врвот.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ВО ТРЕТА ЛИГА – СЕВЕР:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ЗФК Шкендија Арачиново 77 12 11 1 0 40 1 +39 34
2 ФК ФОРТУНА 12 9 2 1 31 9 +22 29
3 ФК ЕУРОМИЛК ГЛ АД 12 7 3 2 32 18 +14 24
4 ФК Аеродром 2018 12 8 0 4 23 16 +7 24
5 ЗГ ФК КУМАНОВО 12 5 4 3 29 21 +8 19
6 ФК БВК КОЊАРЕ 12 5 3 4 29 25 +4 18
7 ФК БЕСА-ВЛАЗРИМИ 12 6 0 6 29 33 -4 18
8 ФК БАШКИМИ ЉУБОТЕН 12 4 4 4 24 22 +2 16
9 ФК РЖАНИЧИНО 12 4 3 5 22 29 -7 15
10 ФК КАДИНО 12 4 0 8 14 29 -15 12
11 ФК Академија Илинден 12 3 1 8 9 39 -30 10
12 ФК ПЧИЊА 2015 12 3 0 9 13 21 -8 9
13 ФК РИНИА 98 12 2 1 9 15 36 -21 7
14 ФК ЊУ СТАРС 12 1 2 9 17 28 -11 5

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Алкалоид го започнува европскиот пат: Австриски Келаг Ферлах доаѓа во Автокоманда

Ракометарите на Алкалоид се подготвени за нов европски предизвик, а првата пречка на патот во ЕХФ Европскиот Куп ќе биде австрискиот претставник Келаг...

Останато

Лина Ѓорческа елиминирана во првото коло на ВТА 125 турнирот во Лисабон

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка на ВТА 125 турнирот во португалскиот град Лисабон, откако во првото коло...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Вардар е во најдобра форма во Првата лига, Шкендија не блеска во последните пет кола!

Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на...

ФудбалЧетврта лига

Даниел Николов го израдува Лозар, Вардар Бистренци триумфираше над Младост од Корешница

Стартуваше новата сезона во Општинската фудбалска лига во Неготино, со два натпревари,...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: По 16 години ФК Лозар од Демир Капија повторно на фудбалската карта на Македонија

По цели 16 години фудбалскиот клуб Демир Капија повторно на фудбалската карта...

ФудбалФутсал

ВИДЕО: Железарец со голем пораз се врати во елитата, висок пораз од Бутел

Поранешниот шампион на Македонија, Железарец, со пораз се врати во Првата футсал...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!