Останато

Магдалена Стоилковска поразена на фјучрсот во Италија

Сподели
ФОТО: ТФСМ
Сподели

Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска не успеа да се пласира во главната рунда на ИТФ фјучерс турнирот во италијанскиот град Селва Гардена, кој се игра за награден фонд од 40.000 долари. Стоилковска беше елиминирана во првото коло од квалификациите, по пораз од Сара Микаца од Босна и Херцеговина со 2-0 во сетови (6-3, 6-4).

Во првиот сет, Стоилковска имаше проблеми со сервисот, па Микаца искористи две можности за брејк – во првиот и деветтиот гем – и го освои сетот со 6-3.

Во вториот сет, играта беше многу порамнотежена, со чести промени на водството. Микаца прва успеа да поведе со 2-0, но Стоилковска се врати со „ри-брејк“ за 2-1 и го превзеде водството со 4-3. Сепак, Микаца одговори со три последователни гема и го заврши сетот со 6-4, што значеше дека го добила мечот со 2-0 во сетови.

Истовремено, на истиот турнир ќе настапи и најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, која ќе започне со настап во првата рунда, каде ќе се соочи со една од тенисерките кои ќе го поминат квалификацискиот процес. Првиот меч на Ѓорческа е предвиден за вторник.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Дербито меѓу Вардар и Алкалоид во малата сала на „Јане Сандански“

Вардар 1961 и Алкалоид ќе го одиграат дербито од 10. коло во ракометната Суперлига в сабота, на 14 ноември, од 18:30 часот во...

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Седум од седум за ФК Металург 2025 – 37 постигнати голови и големи амбиции за иднината!

Новооформениот ФК Металург 2025 има импресивен почеток на својата фудбалска приказна. Скопскиот клуб бележи максимален учинок во досегашниот дел од првенството, со седум...

Поврзани написи
Останато

Узеир прв на ринг, Василев попладне против Норвежанец на Европското во Скопје

Нелсон Узеир е првиот македонски кикбоксер во распоредот за вторник, 10 ноември,...

Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во...

Останато

Марко Алексовски вицешампион на јуниорскиот турнир во Атина

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) оствари одличен резултат на јуниорскиот...

Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!