КупФудбалФутсал

Футсал спектакл во Гевгелија: Проект и Кеги Моби во битка за Куп трофејот

Сподели
ФОТО: КМФ Проект
Сподели



Утре со почеток од 20:30 часот, салата во Гевгелија ќе биде центарот на македонскиот футсал, каде ќе се одигра големото финале од Купот на Македонија. За трофејот ќе се борат екипите на Проект и Кеги Моби.

Тимот на Проект од Јосифово влегува во финалето како апсолутен фаворит, но и како екипа која оваа сезона игра без ниту еден пораз. Тие веќе ја обезбедија шампионската титула во Првата футсал лига и ќе ја претставуваат Македонија во квалификациите за Лигата на шампионите. Сега нивната цел е јасна – освојување и на Купот, со што би ги обединиле двете титули и би ја крунисале доминантната сезона.

Бројките се целосно на страната на Проект. Во првенството постигнаа дури 149 голови – убедливо најдобар напад, додека примија само 32, што ги прави и најцврста одбрана. Со максимален ефект од 17 победи во исто толку натпревари, нивната форма е импресивна.

Од другата страна, Кеги Моби има свои амбиции и мотиви. Тимот се бори за второто место во првенството и со тоа за вицешампионската позиција. Во досегашниот дел од сезоната имаат учинок од 10 победи, две ремија и пет порази, со 73 постигнати и 61 примен гол.

Меѓусебните дуели сезонава одат во прилог на Проект. Во двата натпревари од шампионатот, тимот од Јосифово славеше убедливо – прво со 6:3, а потоа и со 6:2.

Сепак, финале е натпревар сам за себе. Иако фаворитската улога е на страната на Проект, Кеги Моби сигурно нема лесно да се предаде и ќе се обиде да приреди изненадување.

Сите предуслови се исполнети за вистински футсал спектакл во Гевгелија, каде ќе падне одлуката кој ќе го подигне Куп трофејот на Македонија.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

ФОТО: Одбојкарски турнир во Радовиш по повод патрониот празник на СОУ „Коста Сусинов“ – домаќинот до трофејот

По повод патрониот празник на СОУ „Коста Сусинов“ од Радовиш, се одржа одбојкарски турнир во кој учество земаа средното училиште домаќин и три...

ФудбалФутсал

Новиот шампион Проект со убедлива победа над Осогово, Форца и Бутел пресилни!

Новиот шампион Проект стигна до 18-тата сезонска победа од толку натпревари откако славеше со 3:9 над Осогово во Крива Паланка. За гостинот од...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Новиот шампион Проект со убедлива победа над Осогово, Форца и Бутел пресилни!

Новиот шампион Проект стигна до 18-тата сезонска победа од толку натпревари откако...

Прва лигаФудбал

Шок во Тетово: Башкими ја урна Шкендија, Вардар блиску до титула

Екипата на Шкендија доживеа неочекуван пораз на домашен терен, откако загуби со...

Прва лигаФудбал

Струга ТЛ го победи Силекс и го „запечати“ третото место

Струга Трим Лум со 2-0 го победи Силекс во 29. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!