Турнири

Интернационал Мастерс Куп 2026 расте: Пансерраикос и АК Фудбала 11 нови имиња на турнирот

Сподели
Сподели



Југоисточна Македонија во месец мај повторно ќе биде во знакот на младинскиот фудбал, а Интернационал Мастерс Куп 2026 продолжува да ја зацврстува својата елитна репутација со нови учесници во фокусот.

Најново потврдени екипи кои ќе бидат дел од турнирот се грчкиот Пансерраикос ФК и српската академија АК Фудбала 11. Станува збор за две реномирани средини кога е во прашање развојот на млади фудбалери. Пансерраикос, клуб со богата традиција и силна младинска школа, доаѓа подготвен да го демонстрира својот талент и натпреварувачки дух, додека АК Фудбала 11 важи за модерна академија со јасна визија – создавање дисциплинирани играчи и идни фудбалски ѕвезди.

Со нивното приклучување, конкуренцијата добива дополнителна тежина. Во листата на учесници веќе се наоѓаат и звучни имиња како Црвена Звезда, Бешикташ, Панатинаикос, Гент, Фенербахче, како и Чукарички – клуб кој годинава одбележува 100 години постоење и е препознатлив по својата квалитетна младинска школа.

Турнирот ќе се одржи од 22 до 24 мај во Валандово, Дојран и Гевгелија, каде љубителите на фудбалот ќе имаат можност да уживаат во вистински младински спектакл.

Ќе настапат екипи во повеќе возрасни категории (U8 до U12), со модерен систем на натпреварување кој вклучува групна и нокаут фаза, како и загарантирани повеќе натпревари за секој тим. Организаторите најавуваат врвни услови за игра, професионално судење и силен акцент на фер-плеј и развојот на младите фудбалери.

Интересот за учество е огромен, а пријавите се веќе во тек. Поради ограничениот број на места, клубовите се повикуваат навреме да го обезбедат своето место.

Спортскиот портал „Спортска Мрежа“ ќе биде ексклузивен медиумски покровител на турнирот, обезбедувајќи целосно медиумско покривање со вести, фотографии и видеа, како и преноси во живо на YouTube каналот на Спортска Мрежа.



Со ваков состав на учесници, Интернационал Мастерс Куп 2026 сериозно се наметнува како еден од најпрестижните младински турнири во регионот, додека Валандово, Дојран и Гевгелија ќе бидат домаќини на вистински фудбалски празник.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра реми (30-30) против Загреб. Бодот беше доволен за „гладијаторите“ да го...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Стартува 25. сезона во ПЖФЛ: Скопје ја брани титулата, Пелистер нов прволигаш

Утре започнува 25. издание на Првата женска фудбалска лига на Македонија, со што официјално стартува сезоната 2026/2027. Во новата сезона ќе се натпреваруваат...

Поврзани написи
Турнири

Познати финалистите на „Алмир Ибески – Алмо 2026“: Голема битка во Дебреште за трофејот!

Познати се финалистите на Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој...

Турнири

Познати полуфиналистите на „Алмир Ибески – Алмо 2026“ – четири екипи во битка за големото финале!

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој се...

Турнири

ВИДЕО: Познати сите четвртфиналисти на меморијалниот турнир во Дебреште – ќе биде неизвесно за полуфинале!

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“ во прилепско...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!