Фудбал

Започна обуката за УЕФА А лиценца во Дојран: стручњаци и поранешни репрезентативци дел од програмата за тренери

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Центарот за едукација на тренери при ФФМ во Дојран започна со обука на нова генерација кандидати за УЕФА А лиценца.

Наставата се одвива во три модули. Првиот модул беше посветен на теоретски предавања, кои ги реализираа директорот на Центарот за едукација Борче Христов, професор Жикица Тасевски, професор Вујица Живковиќ и селекторот на младинската репрезентација на Македонија, Горан Станиќ.

Во делот за судиски правила излагање имаше поранешниот меѓународен фудбалски судија Горан Спиркоски, додека д-р Михајло Ивановски зборуваше за превенција и справување со спортски повреди.

Значаен дел од обуката беше работата со гостин-предавачот од Србија, Милош Милојевиќ, еминентен тренер со искуство во повеќе од 20 европски клубови (Црвена Звезда, Малме, Хамарби, Ландскрона, Ал Аин, Викингур, Бран, Бреидаблик, Ал Васл, Шарјах и Мјалби).

Со него кандидатите работеа на различни системи на игра, периодизација, како и на офанзивна и дефанзивна транзиција.

Модулот беше збогатен со нови содржини согласно новата УЕФА конвенција за тренери. Со Горан Станиќ се работеше анализа на сопствена и противничка екипа, како и практични активности на терен.

Вкупниот фонд изнесува 180 часови, односно по 60 часови по модул. Меѓу учесниците се и поранешните репрезентативци Стевица Ристиќ, Владе Лазаревски, Ферхан Хасани, Илија Несторовски и Стефан Спировски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Пораз за Лина Ѓорческа на стартот на ВТА 125 турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на ВТА 125 турнирот во Љубљана, кој се игра за награден фонд од...

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

Прва лигаФудбал

Одлични судиски перформанси во 7. коло од Прва МФЛ

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...

Прва лигаФудбал

Дебитантот од Арачиново брка излез во Европа, Скопје е на дното, Шкендија на врвот

По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!