Останато

Наковски Волеј и Работнички Скопје во битка за шампионскиот пехар

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Вечерва со почеток од 18:00 часот, во салата „Димитар Влахов“ во Струмица, започнува финалната серија од плејофот во женска одбојкарска конкуренција. Во борба за шампионската титула ќе се сретнат Наковски Волеј, кој првпат во својата клупска историја игра финале, и најтрофејниот женски тим Работнички Скопје, кој ќе се обиде да стигне до нов пехар.

Серијата стартува во Струмица, бидејќи Наковски Волеј регуларниот дел од сезоната го заврши на првото место, со само еден пораз – од Младост УГД (3:2). По неуспехот да ја одбранат Куп-титулата, одбојкарките на Хари Наковски сега се целосно насочени кон освојување на шампионската круна.

Токму Наковски Волеј беше тимот што го елиминираше бранителот на титулата Јанта Волеј КВ, славејќи во полуфиналната серија со 3:1 и 3:0. Тимот покажа константност во текот на целата сезона и сега го прави последниот чекор кон историски успех.

Од друга страна, Работнички Скопје има големо финално искуство – ова е нивно петто последователно финале, во кое ќе атакуваат на 19. шампионска титула. Тимот на Душко Деспотовски имаше променлива форма во текот на сезоната, но во завршницата, особено против Младост УГД, делуваше максимално подготвено.

Во меѓусебните дуели од регуларниот дел, Наковски Волеј има предност од 2:0, со максимални 3:0 во сетови.

Финалната серија се игра до три добиени натпревари, а сите средби ќе бидат директно пренесувани на националниот сервис.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!