Ракомет

Радовиш испаѓа од елитата, Струга повторно ќе се спасува преку бараж

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели



На четири кола до крајот од сезоната во ракометната Супер лига, веќе се расчистуваат дилемите околу долниот дел од табелата. Радовиш е тимот кој ќе се пресели ранг подолу, откако не успеа да обезбеди опстанок и следната сезона ќе настапува во Првата лига.

За радовишани ова значи ново разочарување, ако се знае дека само пред две сезони преку баражот изборија камбек во елитата, но престојот меѓу најдобрите траеше кратко односно две сезони.

Од друга страна, Струга повторно ќе мора да го бара спасот преку бараж. Стружани втора година по ред ќе играат ваков натпревар за опстанок, откако минатата сезона успеаја да ја задржат суперлигашката позиција откако во баражот славеа над Мулти Есенс.

Според моменталната ситуација, нивни противник би требало да биде Младост Богданци, но сценариото може да претрпи промени. Клубот од Богданци веќе изрази незадоволство од судењето од мечот со Драчево Јуниор, кој заврши нерешени (27:27) и најави можност за повлекување од шампионатот, што би ја искомплицирало целата разврска.

Доколку дојде до таков развој, во игра за баражот би влегол тимот на Драчево Јуниор. Конечната слика околу баражот се очекува да биде позната многу скоро, по одлуката на раководството на Младост.



Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го засили ростерот со српскиот плејмејкер

МЗТ Скопје продолжува со комплетирањето на тимот за претстојната сезона, а најново засилување во составот е српскиот плејмејкер Тадија Тадиќ. 27-годишниот бек, висок...

Останато

Пораз за Лина Ѓорческа на стартот на ВТА 125 турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на ВТА 125 турнирот во Љубљана, кој се игра за награден фонд од...

Поврзани написи
Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата...

Ракомет

Томче Трајчевски ја засили Преспа, ресенчанецот се врати дома

Прволигашот Преспа за новата сезона ќе има искусно име во своите редови,...

Ракомет

Кукуловски „грмеше“ од девет метри: седум гола за победничко деби во Металопластика!

Поранешниот ракометар на Охрид, Дејан Кукуловски, со одлична индивидуална партија го започна...

Ракомет

Костов блесна против шампионот: 15 гола од 15 обиди за охриѓанецот!

Охриѓанецот Наум Костов одигра натпревар за паметење во дресот на Куманово и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!