Прва лигаФудбал

Битка за титулата се вжештува: Шкендија мора да го совлада Башкими

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Шкендија денеска нема простор за грешка – победа е единствената опција против Башкими во 29. коло од ПМФЛ. Актуелниот шампион мора да стигне до трите бода ако сака да остане рамо до рамо со Вардар во битката за титулата, откако скопјани со триумфот над Тиквеш избегаа на +4 на табелата.

Тетовските „црвено-црни“ сезонава веќе двапати го совладаа Башкими и добро го познаваат „рецептот“ за успех. Сега останува тој план да го применат и на денешниот дуел, со цел повторно да ја намалат разликата на само еден бод во трката со најголемиот ривал.

Голманот Бабубакар Гаје предупредува дека ваквите натпревари се најнезгодни, нагласувајќи дека максималната концентрација ќе биде клучна од првата до последната минута. Тој додава дека амбициите на Шкендија се јасни – освојување на двојната круна оваа сезона.

„Мораме да го сфатиме овој натпревар многу сериозно. Најопасните мечеви се против тимовите кои се борат за опстанок, затоа што тие секогаш наоѓаат мотивација против оние екипи кои се борат за највисок пласман. Мораме да бидеме фокусирани од првата до последната секунда, да не правиме грешки и да ја контролираме играта. Нашата цел сезонава е двојна круна, односно титула во шампионатот и пехар во Купот на Македонија“, рече Гаје.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ТАБЕЛА: Кој може да го симне Пелистер од тронот во Втора лига?

По шест кола екипата на Пелистер од Битола е на врвот од табелата со 14 бодови, откако битолчани славеа во дербито со Охрид...

Втора лигаФудбал

Беласица со четири ремија во низа, Новаци со голем скок, очајот на Шкупи продолжува

Пелистер е нов лидер во Втората македонска фудбалска лига, барем до четврток, кога ќе бидат одиграни двата одложени мечеви од 2. коло кои...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

ТАБЕЛА: Кој може да го симне Пелистер од тронот во Втора лига?

По шест кола екипата на Пелистер од Битола е на врвот од...

Втора лигаФудбал

Беласица со четири ремија во низа, Новаци со голем скок, очајот на Шкупи продолжува

Пелистер е нов лидер во Втората македонска фудбалска лига, барем до четврток,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!