ФудбалФутсал

Службена победа за Мал Ајакс, Кратово го шокираше Овче Поле!

Сподели
Сподели

Екипата на Енхалон од Струга не допатува во Штип со цел да го одигра натпреварот од 7. коло против Мал Ајакс, со што штипјани службен го добиваат овој натпревар.

Победа и Конзули одиграа ефикасно пелагониско дерби од аспект на погодоци, вкупно 13 погодоци за триумф на Победа од 7:6.

Никола Трајкоски постигна четири погодоци, Нермин Каришик беше двоен стрелец, а првиот гол беше дело на Кристи Крајоски. За битолскиот тим двојни стрелци беа Гелевски и Гиновски, а по еден гол постигнаа Тасевски и Крцоски.

Кораби се сопна на домашен терен одигра 3:3 против Каршиака и мораше да ги подели бодовите.

Блажевски Точи и Беќири беа стрелци за домашнио тим, а пак за гостинот погодија Мемди, Идризовски и Емини.

Кратово го шокираше Овче Поле од Свети Николе откако на домашен терен го „тресна“ со високи и убедливи 6:2. Ивановски и Ефремов беа двојни стрелци за домашниот тим во високата победа, а пак Арсовски и Јакимов постигнаа по еден гол. За гостинот од Свети Николе стрелци беа Бојковски и Благоевски.

Како што претходно информираше Спортска Мрежа, Партизан Југ во Брвеница го доби тетовски СЕЕ Университи со 6:5, а пак Карадаку загуби од Балкан со 3:7.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Охрид, Алкалоид и Бутел ги чекаат европските ривали: Утре е денот на ждрепката!

По комплетирањето на првото коло во ЕХФ Европскиот куп, познати се сите 64 екипи кои ќе ја продолжат битката во второто коло. Меѓу...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Мелиќи: Привилегија е да бидам дел од А репрезентацијата, против Швајцарија ќе дадеме максимум

Прв повик во А репрезентацијата доби и Анес Мелиќи, фудбалерот на Шкендија. За младиот играч, повикот меѓу најдобрите е голема чест, но воедно...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Радески: Посакуваме трите бода да останат во Струга

Струга Трим Лум го пречекува Арсими во натпреварот од осмото коло во...

Втора лигаФудбал

ТАБЕЛА: Кој може да го симне Пелистер од тронот во Втора лига?

По шест кола екипата на Пелистер од Битола е на врвот од...

Втора лигаФудбал

Беласица со четири ремија во низа, Новаци со голем скок, очајот на Шкупи продолжува

Пелистер е нов лидер во Втората македонска фудбалска лига, барем до четврток,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!