ФудбалФутсал

Ибрахим Алији од Балкан е најдобриот стрелец во Втората футсал лига, втор е Хисен Мемеди!

Сподели
Сподели

По седум одиграни кола во Втората футсал лига на Македонија најдобар стрелец со 21 постигнат гол е Ибрахим Алији од екипата на Балкан. 24-годишникот е убедливо најдобар стрелец, со оглед на тоа што има постигнато дури осум повеќе од вториот на листата на стрелци.

Токму на второто место на листата на стрелци е Хисен Мемеди од екипата на СЕЕ Универисити со 13 погодоци. По 11 постигнати погодоци имаат играчите на Победа, Кристи Крајоски и Никола Трајкоски.

По десет погодоци имаат Октај Беќири од Кораби и Ѓорѓи Султанов од Овче Поле. По девет погодоци имаат Иса Дурмишов од Мал Ајакс и Пајтим Реџепи од Балкан.

По осум погодоци маат Дарко Блажевски од Кораби, Нермин Каришик од Победа, Самир Ремадани од СЕЕ Университи и Стефан Спироски од Победа, додека пак по седум погодоц имаат Кадир Амза од Балкан, играчите на Кораби, Миќи Блажевски и Дргим Каја, Нико Пластиновски кој настапува за Енхалон и Марко Спироски од Партизан Југ.

Автоголови си имаат постигнато Едис Муртазани од СЕЕ Университи, Нуриамет Саити од Карадаку и Александар Стојановски од Кратово.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Вардар е во најдобра форма во Првата лига, Шкендија не блеска во последните пет кола!

Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на врвот, има само плус три бода од Струга Трим Лум и...

ФудбалЧетврта лига

Даниел Николов го израдува Лозар, Вардар Бистренци триумфираше над Младост од Корешница

Стартуваше новата сезона во Општинската фудбалска лига во Неготино, со два натпревари, а првата рунда ќе се комплетира во среда со мечот меѓу...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Вардар е во најдобра форма во Првата лига, Шкендија не блеска во последните пет кола!

Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на...

ФудбалЧетврта лига

Даниел Николов го израдува Лозар, Вардар Бистренци триумфираше над Младост од Корешница

Стартуваше новата сезона во Општинската фудбалска лига во Неготино, со два натпревари,...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: По 16 години ФК Лозар од Демир Капија повторно на фудбалската карта на Македонија

По цели 16 години фудбалскиот клуб Демир Капија повторно на фудбалската карта...

ФудбалФутсал

ВИДЕО: Железарец со голем пораз се врати во елитата, висок пораз од Бутел

Поранешниот шампион на Македонија, Железарец, со пораз се врати во Првата футсал...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!