Прва лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе им суди на Шкендија и Башкими, Стојанче Трпчевски на центарот во Струга

Сподели
Сподели



Утре со два натпревари ќе биде затворено 29. коло на Првата македонска фудбалска лига, а за истите веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата.

Во Тетово ќе се соочат Шкендија и Башкими, Фатмир Бафто ќе ја дели правдата како главен арбитар, а ќе му асистираат Мишо Ѓорѓиески и Владимир Митревски, додека пак четврт судија е Благојче Ралевски.

ВАР судија е Влатко Илиоски, додека пак АВАР судија е Борис Трајков, оператор за повторување на снимката е Виктор Васев.

Делегат на мечот кој стартува во 16 часот е Славе Ѓоргоски, а контролор е Димитар Мечкаровски.

Струга Трим Лум на домашен терен ќе игра против Силекс, а правдата ќе ја дели Стојанче Трпчевски, а негови помошници ќе бидат Драган Трпчевски и Душко Панов, а пак четврт судија е Боби Величков.



Во ВАР собата ќе бидат Пларент Салихи и Фуркан Идризи, додека пак оператор за повторување на снимката е Жарко Пејковски.

Делегат на мечот кој стартува во 13 часот е Ангел Ташев, а контролор е Јосип Бартон.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Воркапиќ пред Висла: „Вардар е голем клуб и секогаш оди на победа“

Вардар го очекува тешко гостување кај Висла Плоцк во четвртото коло од Лигата на шампионите, но „црвено-црните“ немаат намера однапред да се откажат...

Ракомет

Чупиќ пред гостувањето кај Висла: „Сакаме да се бориме за првите бодови и за првата победа“

Вардар го очекува нов европски предизвик на гостински терен, каде што утревечер ќе се соочи со Висла Плоцк во рамките на четвртото коло...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Спирко Златков нов тренер на Осогово, второлигашот од Кочани и со нов тренер на голмани

Второлигашот Осогово го назначи Спирко Златков за нов шеф на стручниот штаб,...

Прва лигаФудбал

Вардар е во најдобра форма во Првата лига, Шкендија не блеска во последните пет кола!

Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!