ФудбалЧетврта лига

Слога Злеово го „тресна“ Спартмани, Интер Кукла го чува врвот со триумф над Илинден

Сподели
Сподели



Ништо од новите засилување – Спартмани очајно ја започна пролетната полусезона откако загуби и од Слога во Злеово со резултат од 2:1, со што трите бодови остануваат дома.

Во рамки на 9. коло на Општинската фудбалска лига во Струмица, екипата на Спартмани од Балдовци доживеа нов пораз, втор во низа и практично пролетниот дел го отвара со два порази и тоа веќе го вади тимот од победничките шини на патот кон шампионската титула.

Тимот од радовишко Злеово сега доаѓа на минус три бодови од врвот, а Спартмани заврши дури и на четвртото место со минус четири од лидерот Интер Кукла.

Токму лидерот од Куклиш на домашен терен со 2:1 забележа важен триумф над Илинден од Добрејци со што Интер Кукла стигна до својот шести сезонски триумф, а пак тимот од Добрејци го впиша четвртиот сезонски пораз.

Најголема победа имаше Огражден откако на домашен терен во Ново Село пред својата верна публика со 3:0 славеше над Единство од Пиперово.

Домаќинот кој беше фаворит на овој меч лесно ја оправда фаворитската улога.

Конечно радост за Напредок, тимот од Радово ја забележа првата сезонска победа и стигна до првите бодови дури во деветтото коло, откако во гости со 1:2 го доби Дрвош.

Ова се први бодови за „фенерџијата“ и прв позитивен резултат.



Табелата е многу неизвесна во горниот дел бидејќи само една победа може да донесе нов лидер, може да направи големи промени.

На врвот е Интер Кукла, тимот од Куклиш има 20 бодови, втор е Огражден кој има 18 бодови, па следува Слога која е трета со 17 бодови, а Спартмани заврши дури четврти со 16 бодови.

Дрвош е петти со 13 бодови, колку што има и Илинден кој е шести. На дното од табелата Единство од Пиперово со три бодови, колку што има и Напредок од Радово кој е на дното.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!