Ракомет

Младост ќе решава дали ќе продолжи со натпреварување!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели



Ракометниот клуб Младост од Богданци вчера одигра 27:27 во Кисела Вода против Драчево Јуниор за делба на бодовите, во рамки на 26. коло на Првата лига.

Гостите имаа водство се до последните пет минути од средбата, а на полувреме заминаа со предност од 11:16, сепак домашниот тим на крај успеа да стигне до реми и бод.

Веднаш по мечот Младост преку официјално соопштение упати критики до судиите, но притоа и најави дека во текот на следната недела ќе размислува дали воопшто и ќе го продолжи со натпреварување.

„Нашиот тим одигра само нерешено во Скопје против РК Драчево. Иако во целиот натпревар нашиот тим ја имаше контролата на натпреварот по неколку сомнителни судиски одлуки во текот на мечот особено во последните 15 секунди кога домаќините ја изгубија топката и од страна на судиската двојка беше досуден непостоечки прекршок за домаќините и со тоа беше спречена чиста наша контра за гол и победа. РК Младост 1977 сите овие години работи чесно градејќи го тимот со многу вложување и многу работа освен во сениорите и во младите категории во Југоистокот и нема да дозволи во ниту еден случај да биде дел од оваа денешна голема неправда. Се надеваме дека РФМ ќе проработи на оваа денешна неправда, а РК Младост 1977 во текот на следна недела ќе донесе и официјална одлука дали воопшто ќе го продолжи првенството понатаму“, се вели во соопштението на клубот од Богданци.

Младост е есенски шампион, клуб со богата и голема традиција, клуб кој играл долги години во Европа, клуб кој сериозно вложува во младинските категории и е најголемиот ракометен проект во Југоистокот на Македонија.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига со натпреварот меѓу Брегалница и Скопје, кој ќе се одигра во...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска главен судија на Реал Мадрид – ПСЖ, Елена Соклевска-Илиевска нејзина асистентка

Нов голем чекор во европската судиска кариера на Ивана Пројковска. УЕФА ѝ ја довери правдата на едно од најинтересните соочувања во првото коло...

Поврзани написи
Ракомет

„Лавиците“ преку Марија Анчева до реми со Спартак, шампионот убедлив, а пак Чаир беше пресилен за Вардар

Третото коло на женската ракометна Супер лига донесе реми меѓу Ѓорче Петров...

Ракомет

Габриела Величковска започна тренерска кариера: Штипјанката го презеде Астибо

Штипскиот прволигаш Астибо доби нов тренер – Габриела Величковска, која по успешната...

Ракомет

Охрид, Алкалоид и Бутел ги чекаат европските ривали: Утре е денот на ждрепката!

По комплетирањето на првото коло во ЕХФ Европскиот куп, познати се сите...

Ракомет

Славиќ пред Прилеп: Фокусот мора да биде на нас, Охрид по нова победа!

По гостинската победа над Бутел Скопје, ГРК Охрид продолжува со обврските во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!