Ракомет

Андоновски пред Целје: „Ако ја сопреме нивната брза игра – можеме до поволен резултат!“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Охриѓани ја живеат една од своите најуспешни сезони во својата клупска историја, а пред тимот е нов голем предизвик – полуфиналниот двомеч со Целје во ЕХФ Купот. За Спортска Мрежа, членот на стручниот штаб, и поранешен ракометар на Охрид- Крсте Андоновски направи анализа на досегашните резултати и најави што може да се очекува од европскиот предизвик.

ФОТО: ГРК Охрид

Андоновски најпрво се осврна на историската сезона на Охрид, истакнувајќи дека тимот бележи одлични резултати, иако финалето во Купот било загубено во неизвесна завршница поради скратен ростер и отсуство на клучни играчи.

„Оваа сезона е историска за нас, бидејќи бележиме извонредни резултати во домашното првенство, игравме Куп- финале кое несреќно го загубивме со еден гол разлика и тоа од големиот фаворит- Вардар. Велам несреќно, бидејќи имавме и предност, но поради скратениот ростер и отсуство на тројца главни играчи не успеавме да издржиме до крај. Но, сезоната е динамична и напорна..следно нè очекува полуфинален европски двомеч со екипата на Целје.“

ФОТО: ГРК Охрид

Во продолжение, тој го анализираше противникот, потенцирајќи го квалитетот и потенцијалот на тимот на Целје, но и условите под кои Охрид може да се надева на позитивен исход.

„Целје е еден навистина силен противник, кој до неодамна се натпреваруваше во Лигата на шампионите, екипа составена од млади и талентирани играчи со голем потенцијал, кои во наредните години ќе играат во најсилните клубови во Европа. Поради отсуство на неколку значајни играчи во нашиот тим и знаејќи го потенцијалот на противничката екипа- им ја препуштаме фаворитската улога. Двата натпревари се подеднакво важни и доколку ја сопреме нивната брза игра и одиграме цврста одбрана, имаме и ние свои шанси.”- изјави Андоновски за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Охрид со респект, но и со верба во сопствените квалитети ќе влезе во дуелот со Целје, со јасна цел – да ја продолжи европската приказна и да направи уште еден чекор кон историскиот успех.

ФОТО: ГРК Охрид



Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Македонија убедлива против Србија на стартот на „Трофеј Македонија“: Марковиќ со победничко деби

Женската ракометна репрезентација на Македонија со победа го започна настапот на домашниот турнир „Трофеј Македонија 2026“, откако во Охрид ја совлада Србија со...

Ракомет

Црна Гора и Хрватска со реми на стартот на „Трофеј Македонија“ во Охрид

Со поделба на бодовите и резултат 20:20 започна новото издание на „Трофеј Македонија“, откако Црна Гора и Хрватска одиграа израмнет и неизвесен натпревар...

Поврзани написи
Ракомет

Македонија убедлива против Србија на стартот на „Трофеј Македонија“: Марковиќ со победничко деби

Женската ракометна репрезентација на Македонија со победа го започна настапот на домашниот...

Ракомет

Црна Гора и Хрватска со реми на стартот на „Трофеј Македонија“ во Охрид

Со поделба на бодовите и резултат 20:20 започна новото издание на „Трофеј...

Ракомет

Охрид двапати ќе го пречека Спор Тото во „Билјанини Извори“!

ГРК Охрид ќе ја има предноста на домашниот терен во двата натпревари...

Ракомет

„Денови на женскиот ракомет“ во Ѓорче Петров: Викенд исполнет со спорт, забава и дружење

Ѓорче Петров претстојниот викенд ќе биде во знакот на женскиот ракомет, но...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!