Кошарка

Убедливи победи и важни бодови во Плеј-аутот: Куманово сигурен, Феникс во игра, Работнички чекор поблиску до опстанок

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели



Натпреварите од „МТЕЛ“ Супер лигата во Плеј-аут фазата донесоа нови резултати и промени на табелата, при што фаворитите најчесто ја оправдаа улогата.

МКК Куманово без поголеми проблеми стигна до убедлива победа над Ангели со 96:77. Кумановци уште од стартот ја контролираа играта, водеа по првата четвртина со 21:14, а на полувреме имаа 47:38. До крајот само ја зголемуваа предноста и рутински го приведоа мечот до крај. Најефикасен беше Радукиќ со 23 поени, а Ѓуроски додаде 22, Стевановиќ 17, а Луковиќ 14 поени. Кај гостите се истакна Стефанов со 24 поени.

Феникс 2010 останува во игра за опстанок по победата над Гостивар од 98:85. Домашните имаа постојана предност, водеа 22:17 по првата четвртина, а 43:37 на полувреме. Во продолжение само ја зголемија разликата и мирно го завршија натпреварот.

Рахама постигна 23 поени, а Ниах запиша дабл-дабл од 20 поени и 12 скока. Кај гостите Карахоџиќ реализираше 23 поени.

Работнички направи важен чекор кон опстанокот со победа од 94:83 над Чаир 2030. По израмнетата прва четвртина (22:22), „црвено-белите“ се одлепија до полувреме (53:40) и ја контролираа завршницата. Ефремовски беше најдобар со 28 поени, Грушановиќ додаде 17, а Рикиќ 16. Кај гостите Тачи постигна 22 поени, а Ибраими 18.



Со овие резултати продолжува неизвесната борба во Плеј-аут фазата, каде секој натпревар има голема тежина за конечниот пласман.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Кошарка

Гевгелија – град на кошарката: девет екипи ќе се натпреваруваат во сезоната 2026/2027

Гевгелија продолжува да ја гради својата кошаркарска приказна, а во пресрет на...

Кошарка

Гостивар и Феникс 2010 немилосрдни, Охрид и Вардар со нови победи во Првата кошаркарска лига

Второто коло од Првата македонска лига во кошарка донесе високи резултати, убедливи...

Кошарка

МЗТ Скопје со трет пораз во ФИБА Еврокупот, Вурцбург славеше на домашен терен

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром го претрпе третиот пораз во групната фаза...

Кошарка

Кошаркарска драма во Суперлигата: Работнички остана максимален, Кожув славеше во Штип, а Куманово со триумф во Кавадарци

Третото коло од МТЕЛ Суперлигата донесе возбудливи натпревари, драматични завршници и важни...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!