КупМладински фудбал

Вардар и АП Брера сигурни – полуфинале во младинските категории

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фудбалерите на ФК Вардар и АП Брера обезбедија пласман во полуфиналето од Купот на Македонија во младинска и кадетска конкуренција.

Кај младинците, Вардар ја елиминираше Македонија ЃП по подобро изведување на пенали. По регуларните 90 минути мрежите мируваа, а во драматичната пенал серија „црвено-црните“ славеа со 6:5. Херој беше голманот Павел Грбевски кој го одбрани клучниот удар, додека претходно чуварот на мрежата на Македонија ЃП, Дарко Јовчевски, исто така се истакна со одбранет пенал.

Пласман меѓу четирите најдобри обезбеди и АП Брера, која со 2:0 го совлада Работнички. Струмичани отпорот го скршија во финишот – Матеј Сејменов погоди во 75. минута, а десет минути подоцна Иван Танчев го постави конечниот резултат.

Останатите четвртфинални дуели кај младинците се играат утре, кога Њу Старс ќе го пречека Шкупи, додека Пелистер ќе биде домаќин на Брегалница.

Во кадетска конкуренција, Вардар повторно беше сигурен и со 4:2 ја совлада Македонија ЃП. Блескаше Невзат Асани со хет-трик (15’, 36’, 49’), додека Лука Георгиоски додаде уште еден погодок. За противникот стрелци беа Дарин Михајловски и Лука Кнежевиќ.

АП Брера исто така продолжи победнички и кај кадетите, триумфирајќи со 2:0 против Работнички, со голови на Влатко Манчовски (75’) и Стефан Војчески (89’).

Кај пионерите, Вардар им се приклучи на Пелистер и Брегалница во полуфиналето, откако убедливо со 8:0 го декласираше Њу Старс на гостински терен. Најрасположен беше Николче Баталоски со четири гола, Кирил Стојановски додаде три, а еднаш стрелаше Павел Котески.

Последното четвртфинале во оваа конкуренција ќе го играат утре екипите на  Работнички и АП Брера, со почеток од 11 часот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Сара Митевска го предаде четвртфиналето во Парма поради повреда

Македонската тенисерка Сара Митевска го предаде четвртфиналниот меч против Германката Милена Стеинкамп на Европското првенство за тенисери и тенисерки до 16 години, кое...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Судијата Даниел Шлагер ќе ја дели правдата на Македонија – Швајцарија

Познати се арбитрите кои ќе ја делат правдата на првиот натпревар на Македонија во новото издание на Лигата на нации. Нашата репрезентација в...

Поврзани написи
КупФудбал

КУП: Арсими ја декласираше Могила со 12 гола, хет-трик на Каба, два гола на Гаје

Прволигашот Арсими обезбеди пласман во осминафиналето од Купот на Македонија откако славеше...

Младински фудбалТрета лигаФудбал

Поранешниот прволигаш Ренова се откажа од натпреварување во Трета лига, фокусот останува на младите категории

Некогашниот прволигаш Ренова се откажа од натпреварување во Третата македонска фудбалска лига...

КупФудбал

КУП: Башкими и Брегалница убедливи за следна фаза, Охрид, Кожуф и Детонит Плачковица елиминирани

Прволигашот Башкими лесно обезбеди пласман во осминафиналето од Купот на Македонија, откако...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!