Утре се играат мечевите од полуфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција, а веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата.
Во Битола со почеток од 12 часот ќе се одигра мечот меѓу Топ Гол и фаворитот Тиверија Брера. Главен арбитар на овој меч ќе биде Ирена Велевачкоска, а нејзини помошници ќе бидат Дино Конески и Ангела Домазетовска.
Контролор на мечот ќе биде Горан Ангелески.
Во 16 часот во Македонска Каменица ќе се одигра мечот меѓу Каменица Саса и Љуботен, каде правдата ќе ја дели Крумислав Ѓоргиев, а ќе му асистираат Давор Дишлиевски и Душко Панов.
За контролор на овој натпревар е одреден Горан Манасиев.