Сите дилеми околу опстанокот во Првата футсал лига беа решени вечерва во Штип, каде Осогово одигра 3:3 против Мал Ајакс и со тоа го завери останувањето во елитата. Од друга страна, штипјани и официјално се селат во Втора лига, каде ќе им се придружи и Балкан.
Гостите поведоа преку Кристијан Стојановски во 16. минута, но второто полувреме донесе вистинска голеада. Мал Ајакс направи пресврт со головите на Филип Слободановски и Иса Дурмишов за 2:1, а до крајот следуваше размена на удари – Иван Николовски стрелаше за домаќините, додека Михаил Павловски и Кристијан Ивановски погодија за Осогово за конечни 3:3.
Во паралелниот натпревар, Балкан загуби од Бутел со неверојатни 9:13 во меч со дури 22 погодоци, со што дебитантот по само една сезона се враќа во понизок ранг. Ибрахим Алији беше најрасположен кај Балкан со пет гола, додека кај победникот Петар Лазарев постигна хет-трик, а повеќе играчи се запишаа меѓу стрелците.
Куриозитет на натпреварот беше и автоголот на Фестим Балиќи, кој несреќно ја затресе сопствената мрежа.
Со овие резултати, Мал Ајакс и Балкан и математички го загубија статусот во Првата лига на две кола до крајот, додека Осогово успеа да избори опстанок во драматичен финиш на сезоната.
Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...
Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија и Вардар ќе ги одмерат силите во дербито од Првата македонска...
Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во...
Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија...
Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а...
Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат...