Втора лигаФудбал

Вардар Неготино си пресуди сам: На „Цвај арената“ се враќа третолигашкиот фудбал!

Сподели
Сподели



Вардар Неготино практично ја загуби битката за опстанок во Втората македонска фудбалска лига и од наредната сезона ќе се натпреварува во Третата лига – Југ. По неколку турбулентни месеци и серија слаби резултати, неготинци сами си ја искомплицираа ситуацијата и дозволија да испаднат од второлигашкото друштво.

Само пред две сезони клубот обезбеди пласман во Втора лига преку бараж, а веднаш потоа следеше и одлична сезона со освоено шесто место и позитивна атмосфера околу тимот. „Винарите“ тогаш беа вистински хит и играа допадлив фудбал пред својата публика.

Минатата сезона донесе поголема неизвесност, но опстанокот беше обезбеден во финишот. Сепак, тековната сезона се покажа како кобна. Слабите резултати во есенскиот дел, како и неубедливиот старт на пролетта, го оттурнаа тимот кон зоната за директно испаѓање.

Иако постоеја теоретски шанси за спас, резултатите на теренот не беа на нивна страна. Посебно болно беше ремито против Слога во Виница (3-3), натпревар во кој испуштените бодови можеа да значат многу повеќе во борбата за опстанок.

Враќањето на тренерот Горан Тодорчев донесе одредена стабилизација, но веќе беше доцна за посериозен пресврт. Младиот и неискусен состав не успеа да одговори на предизвиците.

До крајот од сезоната остануваат уште пет кола или 15 бодови во игра, а Вардар Неготино има десет бодови негатива од бараж зоната, но реалните шанси се дека тимот не може да ги освои овие бодови.

Сега пред Вардар Неготино следи нов почеток и многу прашања околу иднината на клубот. Едно е сигурно – од следната сезона, на „Цвај арената“ повторно ќе се игра третолигашки фудбал.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Фудбал

Започна обуката за УЕФА А лиценца во Дојран: стручњаци и поранешни репрезентативци дел од програмата за тренери

Центарот за едукација на тренери при ФФМ во Дојран започна со обука на нова генерација кандидати за УЕФА А лиценца. Наставата се одвива...

Ракомет

Вардар добива квалитетно засилување: Французинот Фадуил пристигнува во Скопје

Ракометниот клуб Вардар продолжува со градење на тимот за следната сезона, откако го договори ангажманот на францускиот среден бек Матео Фадуил. 23-годишниот ракометар...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Додев: Во добра серија сме, играме добро, очекуваме победа против Струга Трим Лум

Силекс заостанува седум бода зад третата позиција на табелата, но денеска таа...

Прва лигаФудбал

Компаоре: Им должиме добар натпревар на нашите навивачи, се надеваме на победа

Струга Трим Лум денеска на домашен терен го пречекува Силекс и ќе...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!