Прва лигаФудбал

Секуловски: Да ги корегираме грешките и да ги освоиме трите бода

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели

Пелистер излегува на мегдан со еден од најнезгодните противници во последната декада, Македонија ЃП, при што последната победа над денешниот противник датира од сезоната 2016/17 и била изборена на домашен терен.

Ова ќе биде нивно трето соочување годинава, при што натпреварот во Ѓорче го добија домашните со 2:1, а во Битола се играше нерешено 1:1. Со 26 бода, Пелистер денеска е една позиција над Македонија ЃП на табелата, но разликата е само еден бод.

Во пресрет на овој меч, Битолчани гостуваа во Гостивар кај Арсими, каде што во исклучително изедначен натпревар имаа минимален пораз.

“Против Арсими ни се повторија некои грешки за кои многу пати имаме зборувано и кои се обидуваме да ги надминеме со различни решенија: примивме гол во финишот на полувремето, дозволивме противникот да казни наша грешка во одбраната. Нема да згрешам ако повторно речам дека само дисциплината во играта е решение за таквите ситуации”, се осврна тренерот на претходниот натпревар со Арсими.

Најавувајќи го следниот противник, шефот на стручниот штаб на битолчани го повтори ставот кој накусо значи „респект за секого, бодовите за Пелистер“.

“Во Битола ни доаѓа екипа што е директен ривал во борба за подобро место на табелата. Нивниот тим е цврст спој на младост и искуство, надополнет со интернационалци кои имаат квалитет да направат разлика. Формата од последните натпревари покажува дека не се лесен противник и дека големи фаворити против нив извојувале минимални победи. Натпреварот ќе има голем психолошки товар за сите, па ме радува што во тимот се враќаат двајца играчи кои поради жолти картони не беа дел од тимот на претходниот натпревар”, заврши Секуловски.

Мечот ќе со почеток во 15 часот на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Фуркан Идризи ќе го суди дербито меѓу Охрид и Работнички, Јордан Јовановски главен во Струмица, Јован Качевски во Радовиш

В сабота се играат сите натпреварите од 9. коло на Втората македонска фудбалска лига, а сите стартуваат во 14 часот. Познати се и...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот Детонит Плачковица, за што Спортска Мрежа прва објави во Радовиш има...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

Втора лигаФудбал

Тренерска вртелешка во Втората лига: седум промени по само осум кола

Тренерската вртелешка во Втората македонска фудбалска лига е во полн ек. По...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!