Ракомет

Вардар сигурно до финале во Купот – „црвено-црните“ ќе се борат за нов трофеј против Алкалоид

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Ракометарите на Вардар повторно ќе играат во финалето на Купот на Македонија, откако во полуфиналната пресметка убедливо го совладаа градскиот ривал Алкалоид со 33-28. Тимот на Иван Чупиќ ја потврди фаворитската улога и со сигурна игра во второто полувреме го скрши отпорот на противникот.

Натпреварот започна со подобро издание на Алкалоид, кој рано поведе и наметна ритам, но Вардар брзо се стабилизираше и успеа резултатски да се врати. И покрај тоа што „црвено-црните“ уште во раната фаза останаа без Урош Митровиќ поради црвен картон, тимот не ја загуби контролата. Напротив, со добра игра во нападот и сигурност во одбраната постепено го презеде водството.

Вардар потоа остана без уште еден играч откако Милан Лазаревски доби црвен картон.

До крајот на првиот дел се водеше израмнета борба, а Вардар на пауза замина со минимална предност. Второто полувреме донесе сосема поинаква слика – актуелниот освојувач на трофејот заигра поагресивно и со неколку серии направи клучна разлика. Голманот Валах беше еден од најзаслужните за тоа, додека во нападот се истакнаа Малус и Тузолана, кои беа нерешлива енигма за одбраната на Алкалоид.

Во еден период Вардар стигна и до двоцифрена предност, со што практично го реши прашањето на победникот. До крајот, тренерот Чупиќ им даде шанса и на помладите играчи, а Алкалоид само успеа да го ублажи поразот.

Во редовите на Вардар најрасположен беше Јака Малус, додека свој придонес даде и голманот Валах со значаен број одбрани. Кај Алкалоид се истакнаа неколку поединци, но отсуството на дел од стандардните играчи се почувствува во текот на целиот меч.

Во големото финале, кое ќе се одигра во недела во Струмица со почеток од 20:00 часот, Вардар ќе се соочи со екипата на Охрид, која во другото полуфинале го елиминираше Еурофарм Пелистер. „Црвено-црните“ ќе имаат можност да го бранат трофејот и да стигнат до ново куп славје.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Бењамин Ќерими го доби соочувањето меѓу Скопје и Истатов, Блаже Петковски главен во Струмица

Денес ќе биде отворено шестото коло во Првата женска фудбалска лига со натпреварот во Пржино. Познати се и судиите кои ќе ја делат...

Втора лигаФудбал

Качевски ќе им суди на Камјани и Детонит, Пилешков на Пелистер и Охрид, Стојанов главен во Горно Лисиче

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од шестото коло на Втората македонска фудбалска лига. Колото се отвара со шест мечеви...

Поврзани написи
Ракомет

Хрватски судии за европскиот двомеч на Тиквеш со Еш

Тиквеш ги доби официјалните лица за двата натпревари против Handball Esch од...

Ракомет

Мајдоуб: Ништо не е загубено, сезоната е само на почетокот – против Вардар ќе го дадеме максимумот

Несреќниот пораз од Прилеп е минато, Младост се фокусира на следните предизвици...

Ракомет

Драма до последната секунда: Вардар за малку до сензација против Нант

Вардар беше на чекор до голем триумф во „Јане Сандански“, но Нант...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!