Во недела стартува пролетниот дел во Општинската фудбалска лига во Струмица, Четврта лига по ранг на натпреварување со мечевите од осмото коло.
Во рамки на првото екипата на Единство на домашен терен ќе атакува на второ сезонско славје против Дрвош.
Напредок од Радово ќе ги бара првите бодови во Добрејци против тимот на Илинден, Спартмани пред домашната публика ќе оди на шести сезонски триумф против Огражден од Ново Село и со тоа да го сочува првото место на табелата.
Екипата на Слога од Злеово ќе има тежок предизвик против Интер Кукла од Кулиш, ова ќе биде дерби на колото бидејќи ќе се соочат второпласираниот и третопласираниот тим на табелата. Разликата помеѓу нив е само три бодови, па ако злевци стигнат до трите бодови ќе се израмнат на табелата.
Пред стартот на првото пролетно коло на делба на врвот се Спартмани и Интер Кукла со по 16 бодови, Слога од Злеово е трета со 13 бодови, а на четвртото место е Огражден, тимот од Ново Село има 12 бодови.
Дрвош и Илинден го делат петтото место со по десет бодови, Единство од Пиперово е претпоследен со три бодови, а на дното без бодови е Напредок од Радово.