Кошарка

Шар Планина ја доби Гевгелија – финалето ќе се решава во „мајсторка“!

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели



Кошаркарите на Шар Планина возвратија на вистински начин и изборија решавачки трет натпревар во финалната серија за пласман во Првата македонска лига. Тимот од Гостивар на домашен терен славеше со убедливи 68-56 против Гевгелија и го израмни резултатот на 1-1.

Домаќините од самиот почеток наметнаа свој ритам и постепено ја градеа предноста. По израмнетата прва четвртина, Шар Планина замина на пауза со позитива (29-23), а во второто полувреме целосно ја презеде контролата и не дозволи изненадување.

Клучната разлика беше направена во третиот период, кога гостиварци се одлепија на двоцифрена предност (48-34), која се покажа како недостижна за противникот до самиот крај.

Најефикасен кај победникот беше Лаковски со 19 поени, додека значаен придонес дадоа и Исајлоски (13), Србиновски (12) и Балоски (10). Кај Гевгелија, Ристов постигна 13 поени, а Костадинов и Божинов додадоа по 10.

Патникот во Првата лига ќе биде познат по одигрувањето на „мајсторката“, која следува викендов во Гевгелија, каде ќе падне конечната одлука за победникот во оваа неизвесна серија.



Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Камјани се раздели со тренерот Бурхан Емурлаи, кариерата ја продолжува во Азербејџан

Дебитантот во Втората македонска фудбалска лига, Камјани, се раздели со тренерот Бурхан Емурлаи. Клубот информираше дека двете страни постигнале меѓусебен договор за прекин...

Прва лигаФудбал

Ристовски: Почнува целосна реконструкција на фудбалскиот терен на ФК Башкими во Куманово

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со заменичката Сафије Садики Шаини, претставници на локалната самоуправа и на ФК Башкими, денеска изврши увид во градежните...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ Скопје го засили ростерот со српскиот плејмејкер

МЗТ Скопје продолжува со комплетирањето на тимот за претстојната сезона, а најново...

Кошарка

Суперкупот и купот на Македонија ќе се игра во Куманово, потпишана е соработка со КФМ

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, потпиша Меморандум за соработка со Кошаркарската...

Кошарка

КФМ и клубовите од Женската Прва лига ги договорија деталите за новата сезона

Кошаркарската федерација на Македонија одржа работен состанок со претставниците на клубовите –...

Кошарка

КФМ одржа работен состанок со клубовите пред стартот на новата сезона

Кошаркарската федерација на Македонија одржа работен состанок со претставниците на клубовите –...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!