Кошарка

Битка за елитата: стартува плеј-офот во Првата кошаркарска лига

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели



По кратката пауза, викендов започнува највозбудливиот дел од сезоната во Првата македонска кошаркарска лига – плеј-офот кој ќе донесе еден нов суперлигаш.

Четирите најдобри екипи од досегашниот тек на натпреварувањето – Струмица 2001, Борец баскет, Соколи 1933 и Бутел – влегуваат во директна пресметка за место во елитната конкуренција. Полуфиналните серии ќе се играат по систем „подобар од три“, што гарантира неизвесност и жестока борба до самиот крај.

Први на терен ќе излезат Струмица 2001 и Борец баскет, кои ќе се соочат во сабота од 17 часот во салата „Никола Карев“. Струмичани ја имаат предноста на домашен терен благодарение на подобриот учинок во регуларниот дел.

Ден подоцна, во недела од 19 часот, започнува и втората полуфинална пресметка меѓу Соколи 1933 и Бутел, која ќе се игра во Штип. Домашниот тим ќе ја има предноста на теренот, а евентуалната „мајсторка“ исто така ќе се одигра во салата „Јордан Мијалков“.

Со четири амбициозни тимови и само едно место во Суперлигата, претстојниот плеј-оф ветува возбудлива завршница и вистинска кошаркарска драма.



Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Радовишанецот Минур Асанов ја засили Брегалница од Делчево

Некогашниот прволигаш Брегалница од Делчево за новата сезона во Трета лига регион 3 ќе биде посилна со радовишанецот Минур Асанов. 27-годишниот фудбалер од...

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Во чест на Андреј Лазаров: Во Кочани одржан првиот меморијален турнир, Осогово победник

Во Кочани на 8 септември се одржа првиот меморијален фудбалски турнир во чест на прерано починатиот Андреј Лазаров, кој трагично го загуби животот...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ Скопје го засили ростерот со српскиот плејмејкер

МЗТ Скопје продолжува со комплетирањето на тимот за претстојната сезона, а најново...

Кошарка

Суперкупот и купот на Македонија ќе се игра во Куманово, потпишана е соработка со КФМ

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, потпиша Меморандум за соработка со Кошаркарската...

Кошарка

КФМ и клубовите од Женската Прва лига ги договорија деталите за новата сезона

Кошаркарската федерација на Македонија одржа работен состанок со претставниците на клубовите –...

Кошарка

КФМ одржа работен состанок со клубовите пред стартот на новата сезона

Кошаркарската федерација на Македонија одржа работен состанок со претставниците на клубовите –...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!