Прва лигаФудбал

Шест чекори на Пелистер за опстанок во Прва лига – ќе биде ли тешко?

Сподели
Сподели



Уште шест кола до крајот на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, шест меча и 18 бодови.

Пелистер е пред најтешкиот испит – дали ќе избори опстанок и следната сезона да биде дел од елитата или пак ќе се пресели во Втора лига.

Првиот чекор кон опстанокот на Пелистер започнува на домашен терен против Македонија ЃП, натпревар кој мора да се добие во спротивно тимот на Марјан Секуловски ќе биде во ситуација каде ќе биде речици „пречкртан“.

Веднаш потоа ќе следува гостувањето во Струмица каде Пелистер ќе бара бодови против Брера која засега делува сигурно и води борба за директен опстанок, со цел да се избегне баражот.

Битолчани потоа ќе имаат уште едно гостување во Скопје каде против Работнички ќе биде меч „да се биде или не“ во трката на два директни конкуренти за опстанок.

Потоа во Битола доаѓа веќе новиот второлигаш Шкупи, а ова значи и „резервирани“ три бодови за Пелистер. Следува „братското дерби“ во Кавадарци против Тиквеш и во последното коло Пелистер ќе решава со Башкими на домашен терен.



Зависно од тоа како Пелистер ќе одигра претходно, многу извесно може да решава и последното коло дали Пелистер ќе има директен опстанок, дали ќе игра бараж или веќе ќе биде откажан од таа трка.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

(ВИДЕО) Еурофарм Пелистер со нов брендиран автобус: „Само еден тим, само еден град“

Еурофарм Пелистер продолжува со унапредување на условите за функционирање на клубот, а најновата новина е модерниот и брендиран клупски автобус со кој ракометарите...

ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување на развојот на сопствените млади играчи, градење на тим за долгорочен...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Осум екипи во новата сезона на Втората женска лига, дури четири дебитанти и еден повратник

Новата сезона во Втората македонска женска фудбалска лига ќе донесе изменет состав...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!