ФудбалФутсал

Новиот шампион Проект го пречекува Шкупи, Форца гостува кај Јувентус Серава, Осогово оди во Штип

Сподели
ФОТО: КМФ Проект
Сподели



Репрезентативната пауза заврши, продолжуваат возбудувањата во Првата футсал лига на Македонија каде веќе многу работи се решени и сега ќе се игра за конечен пласман на екипите во средишниот дел од табелата.

Проект и официјално стана шампион, а овој викенд и официјално во Втора лига ќе се преселат Балкан и Мал Ајакс, останатите екипи ќе играат за распределба на позициите односно за што повисок пласман.

Колото број 16 го отвараат Јувентус Серава и Форца во петок, каде гостинот е фаворит за трите бодови, а ланскиот шампион до крај ќе цели за втора позиција.

В сабота Балкан на домашен терен ќе игра против Бутел, каде реми или пораз за домаќинот ќе значи дека дебитантот и официјално е испаднат. Теоретски веќе клубот е преселен, а в сабота и математички оди експресно во Втора лига.

В недела во Штип ќе се одигра мечот меѓу Мал Ајакс и Осогово од Крива Паланка. Ова е последна надеж за штипјани, иако ќе биде речиси тешко. Девет бодови во игра до крајот, а Мал Ајакс има седум бодови негатива, и да биде перфектен до крај, треба и конкурентите да направат грешки.



Осогово доколку ги освои бодови во градот под Исарот, ќе направи скок на табелата, па во тој случај ќе води борба и за четврто место.

Новиот шампион Проект на домашен терен ќе игра против Шкупи, во меч каде домаќинот сака нова победа и со максимален ефект да ја подигне шампионската титула.

ОХРИД КУП 2026: НОВ ДЕТСКИ ФУДБАЛСКИ СПЕКТАКЛ ПОКРАЈ ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО – МЕДАЛ И МАИЧКА ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ, ПРИЈАВУВАЊЕТО Е ВО ТЕК

Колото се затвара дури во понеделник со мечот меѓу Кеги Моби и Клими, а интересно е тоа што мечот е закажан во Кавадарци наместо во Велес, па така двете екипи го менуваат домаќинството. Кеги Моби ќе биде формален домаќин, а Клими формален гостин.



Во однос на табелата на врвот е Проект со 45 бодови, втор е Кеги Моби со 29 бодови, а бод помалку има Форца која е трета.

На четвртото место е Шкупи со 20 бодови, а по 19 бодови имаат Бутел и Клими за делба на петтото место. Осогово е седми со 18 бодови, а Јувентус Серава е осми со 17 бодови, инаку на овој тим му беа одземени три бодови.

Во зоната за директно испаѓање е Мал Ајакс како претпоследен со десет бодови, а на дното е Балкан како последен со девет бодови.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија и Вардар ќе ги одмерат силите во дербито од Првата македонска...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија...

Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а...

Прва лигаФудбал

Ангелов: Време е да ставиме крај на негативната серија, време е за победи

Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!