Останато

Одбојкарките ќе играат пријателски натпревари со Косово пред учеството за ЕП

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Женската сениорска репрезентација на Македонија ќе одигра два пријателски натпревари против селекцијата на Косово, како дел од подготовките за настапот во Европската лига 2026, која воедно претставува и почеток на квалификацискиот циклус за Европското првенство 2028 година.

Новиот селектор, Милош Гавриловиќ, првата прозивка ја закажа за 13 мај во СЦ „Форца“ во Скопје, каде репрезентацијата ќе ги одработи подготовките. Двата контролни натпревари против Косово се закажани за 29 и 30 мај – едниот ќе се одигра во Скопје, додека домаќинот на вториот меч дополнително ќе биде одреден од Косовската федерација.

Македонија настапот во Европската лига 2026 ќе го започне во Порто. На 6 јуни противник ќе биде Унгарија, а веќе на 7 јуни следува дуел со домаќинот Португалија. Потоа репрезентацијата се сели во Аликанте, Шпанија, каде на 12 јуни ќе игра против Шпанија, а на 13 јуни ќе се соочи со Азербејџан.

Настапот во годинешното издание Македонија ќе го заврши на домашен терен во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје – на 19 јуни против Хрватска и на 21 јуни против Словенија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го засили ростерот со српскиот плејмејкер

МЗТ Скопје продолжува со комплетирањето на тимот за претстојната сезона, а најново засилување во составот е српскиот плејмејкер Тадија Тадиќ. 27-годишниот бек, висок...

Останато

Пораз за Лина Ѓорческа на стартот на ВТА 125 турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на ВТА 125 турнирот во Љубљана, кој се игра за награден фонд од...

Поврзани написи
Останато

Пораз за Лина Ѓорческа на стартот на ВТА 125 турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на ВТА...

Останато

Сребро за Душица Бресалиева на Multi European games G1 2026

Македонската таеквондистка Душица Бресалиева освои сребрен медал на Multi European Games G1...

Останато

Алексеј Стојановски триумфираше на турнирот „Тумба“ во Куманово

Изминативе денови на терените на ТК „Тумба“ во Куманово се одржа турнир...

Останато

Калин Митевски двоен победник на МТП Опен 2026

Македонскиот тенисер Калин Митевски е двоен победник на МТП Опен 2026, турнир...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!