Останато

Македонските тенисерки поразени од Австрија во БЏК купот

Сподели
ФОТО: Милош Руњиќ
Сподели

Женската тениска репрезентација на Македонија со пораз од 2:0 од Австрија го заврши настапот во годинашново издание од Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг купот што се играше во Бања Лука. Ова беше дуел за пласман откако двете репрезентации по натпреварите во групи го загубија пласманот во оваа зона и следната година ќе настапуваат во Третата Европска зона од БЏК купот.

Во двата сингла меча за македонскиот тим настапија Ана Митевска и Сара Митевска. Во првиот меч Ана загуби со 2:0 во сетови (6:2 и 6:1) од Клаудија Гаспаровиќ, додека во вториот меч Екатерина Перелигина ја победи Сара Митевска со 2:0 во сетови (6:2 и 6:4). Мечот во двојки не се играше.

Мечевите се играа во Бања Лука, а македонскиот тим беше најмладиот во конкуренција на десет репрезентации.



Пласман во Прва зона избори Бугарија која води против Кипар со 2:0, додека Грција има водство против Јужна Африка со 1:0. За опстанок во Втората зона играат: Финска – Египет и Мароко – БиХ, поразените репрезентации заедно со Македонија и Австрија на напуштаат Втората Евро-африканска зона.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Министерот Борко Ристовски го пречека светскиот карате шампион Марко Џорлев

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека...

Останато

ФОТО: Подновена маркацијата на патеката Зла Страна – Карбула, планинарите со предупредување за тешкиот терен

Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ)...

Останато

Стартуваа и кадетите, одиграни првите турнири

По стартот на натпреварувањето во младинските машки и женски лиги, од викендов...

Останато

Македонскиот шампион Штип УГД поразен на дебито во Лигата на шампион, првакот на Холандија максимален

Македонскиот одбојкарски шампион УГД Штип го имаше своето историско деби во Лигата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!