Втора лигаФудбал

Брегалница зависи сама од себе – еве како до шампионска титула и директен влез во Прва лига!

Сподели
ФОТО: ФК Брегалница
Сподели



Нашите анализи од изминатиот период се потврдија – 24. коло донесе нов лидер во Втора лига, Брегалница е осамена на врвот со 55 бодови, тимот на Влатко Костов е чекор пред другите на патот кон директен влез во Прва лига. Покрај „сините“ во трката за директен влез во елитата се Охрид, Скопје и Шкендија Арачиново кои го делат второто место со по 53 бодови, а од сенка своја шанса чека и петтопласираната Беласица која има 48 бодови.

На шест кола до крајот се „разгорува“ борбата за челната позиција во Втората лига, додека во средината од табелата Детонит Плачковица, Осогово и Новаци водат борба за што повисок пласман. Сега и Кожуф е во посериозна игра за директен опстанок, на минус пет од Новаци.

Тетекс и Саса подготвени за опстанок преку бараж, додека пак Големо Коњари, Слога Виница и Победа официјално испаднаа во Трета лига, во следното коло Преспа испаѓа и официјално, а пак за три кола ќе биде нов третолигаш.



Пред Брегалница ќе има неколку важни гостувања кои ќе мора да се добијат – веќе во следното 25. коло Брегалница ќе гостува кај Детонит Плачковица во Радовиш, потоа на домашен терен ќе има „лесни“ три бода против Слога Виница, па следува гостувањето во Струмица кај Беласица.

Во рамки на 28. коло во Штип ќе се игра дербито меѓу Брегалница и Шкендија Арачиново, а веднаш потоа Брегалница во претпоследното коло ќе гостува во Кочани кај Осогово, а сезоната ја затвара со сигурен триумф против Победа.

До крајот Брегалница зависи сама од себе, има распоред кои носи исклучително важи натпревари, соочувања со конкуренти и незгодни противници кои на домашен терен се доста опасни како Детонит Плачковица и Осогово.



Брегалница има сигурни бодови од мечевите со Слога Виница и Победа, ако веќе в сабота „сините“ го освојат Радовиш, тогаш за нив ќе продолжи тој победнички циклус. Во целата ситуација добро е што помеѓу двете тешки гостувања во Радовиш и Струмица, штипјани имаат лесен меч на домашен терен против Слога Виница, па тука Влатко Костов ќе може да одмара играчи и чува сили за мечот против Беласица.

По Беласица ќе следува тешкиот меч со тимот од Арачиново,  а ако „сините“ бидат перфектни до тоа кога тогаш со силен притисок Шкендија Арачиново ќе пристигне во Штип. На првото соочување Брегалница беше подобра со 1:2 во гости.

До крајот ќе треба да се добие Осогово во гости и во последното коло Брегалница ќе има „тренинг“ против Победа и ќе чека расплет на останатите мечеви, а можеби и нема потреба да чека таков расплет, ако сама си ја заврши работата или пак ако конкурентите направи некаков „кикс“.



Брегалница има два бодови предност, тоа не дава за право да има било каква грешка на штипјани, под услов ако Охрид, Скопје и Шкендија Арачиново направат некоја грешка. Во прилог на Брегалница оди реми во Автокоманда меѓу Скопје и Брегалница, а потоа дома Брегалница слави над Шкендија Арачиново, тогаш на две кола до крајот Брегалница ќе биде шампион и ќе влезе во Прва лига.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ВО ВТОРА ЛИГА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 🔼 ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД 24 17 4 3 55 15 +40 55
2 🔽 ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 24 16 5 3 58 13 +45 53
3 ➖ ФК СКОПЈЕ АД 24 17 2 5 50 18 +32 53
4 ➖ ЗФК Шкендија Арачиново 77 24 16 5 3 43 13 +30 53
5 ➖ ФК БЕЛАСИЦА АД 24 15 3 6 49 17 +32 48
6 🔼 ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 24 13 5 6 47 19 +28 44
7 🔽 ГФК ОСОГОВО 24 13 5 6 36 18 +18 44
8 ➖ ЗФК НОВАЦИ 2005 24 12 4 8 37 21 +16 40
9 ➖ ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА 24 9 8 7 35 21 +14 35
10 ➖ ФК ТЕТЕКС 1953 24 10 3 11 40 36 +4 33
11 ➖ ФК КАМЕНИЦА САСА 24 7 8 9 43 41 +2 29
12 ➖ ГФК ВАРДАР Неготино 24 5 3 16 26 68 -42 18
13 ➖ ФК ПРЕСПА 24 4 0 20 25 59 -34 12
14 ➖ ФК СЛОГА 1934 24 3 2 19 23 65 -42 11
15 ➖ ФК ПОБЕДА АД 24 3 2 19 15 81 -66 11
16 ➖ ФК ГОЛЕМО КОЊАРИ 24 2 1 21 13 90 -77 7



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

ТФТ го засили тимот со еден од најголемите македонски таленти

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на ростерот за сезоната 2026/27, а најновото засилување е еден од најперспективните македонски кошаркари – Ѓорѓи...

Кошарка

Си-Џеј Вилсон повторно се врати во КК Пелистер

КК Пелистер го враќа Си-Џеј Вилсон во своите редови. Американскиот плејмејкер, кој има 32 години, минатата сезона настапуваше за битолскиот прволигаш, а по...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Дориев не запира: Уште еден гол и нова победа за Согдиана!

Македонскиот интернационалец Љупче Дориев продолжува да игра во извонредна голгетерска форма во...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Избран новиот Управен одбор на Трета лига регион 4 – седиштето ќе биде во Прилеп

Денес во Кавадарци беше избран новиот Управен одбор за Трета лига регион...

Прва лигаФудбал

Брегалница под рефлектори против Башкими, во вечерен термин и дерби меѓу Шкендија и Струга

Четвртото коло на Првата македонска фудбалска лига ќе се игра во три...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!