Трета лигаФудбал

„Лисиците“ имаат плус седум и се загреваат за второлигашкиот бараж!

Сподели
ФОТО: ФК Еуромилк ГЛ
Сподели



Екипата на Еуромилк ГЛ ја зголеми бодовната предност на табелата во Трета лига – Север, сега популарните „лисици“ имаат 55 бодови, седум повеќе од БВК Коњаре, кој по ремито со Аеродром останува без шанси да изненади.

Некогашниот прволигаш од Горно Лисиче ита кон второлигашки бараж и по една деценија тимот да се врати во Втора лига, доколку го помине баражот.

Последен пат Еуромилк ГЛ во второлигашка конкуренција се натпреваруваше во сезона 2017/2018 кога заврши на седмото место во Втора лига – Запад и испадна во Трета лига.

Инаку, Еуромилк ГЛ во сезона 2012/2013 заврши на четвртото место во Втора лига и играше бараж за влез, кој и го доби откако славеше со 3:0 над Дрита, но тимот одигра само една сезона во Прва лига и испадна од елитата во сезона 2013/2014 кога заврши на деветтото место со 39 бодови, пет помалку од Ренова и Брегалница, кои тогаш изборија директен опстанок во ПМФЛ.



Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК ЕУРОМИЛК ГЛ АД ➖ 19 18 1 0 82 18 +64 55
2 ФК БВК КОЊАРЕ ➖ 19 15 3 1 63 27 +36 48
3 ФК Аеродром 2018 ➖ 19 12 5 2 54 21 +33 41
4 ЗГ ФК КУМАНОВО 🔼 19 11 4 4 47 22 +25 37
5 ФК РЖАНИЧИНО 🔽 19 9 4 6 48 31 +17 31
6 ФК БЕСА – Скопје ➖ 19 9 2 8 38 38 0 29
7 ФК ФОРТУНА 1975 🔼 19 7 4 8 34 36 -2 25
8 ФК ПЧИЊА 2015 🔽 19 7 3 9 46 35 +11 24
9 ФК БЕСА с.Слупчане ➖ 19 7 1 11 38 54 -16 22
10 ФК БАШКИМИ ЉУБОТЕН 🔼 19 5 4 10 34 53 -19 19
11 ФК Студеничан 🔽 19 5 4 10 28 49 -21 19
12 ФК КАДИНО 🔼 19 3 3 13 16 66 -50 12
13 ФК ЛОПАТИ 97 🔽 19 2 3 14 19 48 -29 9
14 ФК ОТЉА ➖ 19 1 3 15 20 69 -49 6



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!