ФудбалФутсал

ВИДЕО: Каршиака со девет гола го освои Кочани, лидерот Железарец го „размонтира“ Овче Поле

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Екипата на Каршиака славеше убедлива победа од 0:9 над Фудбал Старс среде Кочани во рамки на 17. коло на Втората футсал лига.
Бујамин Асани беше стрелец на три гола, двапати погоди Сеад Јакупи, а по еден гол постигнаа Нехат Емини, Енис Ибраими, Неџати Шабани и Џезаир Рамадани.

Домаќинот не успеа да ја стресе мрежата на гостинот, кој со чиста мрежа и три бодови замина од Кочани.

Лидерот Железарец со убедливи 13:1 го декласираше Овче Поле во меч на два поранешни прволигаши. Мартин Калчев и Петре Далиоски постигнаа по три гола, Дејан Кајсторовски и Мирко Богески беа двојни стрелци.

По еден гол во Автокоманда постигнаа Дарко Цветковски, Драган Цветковски и Роберт Илиевски, за гостинот единствен стрелец беше Лука Наумов.

Извештајот на Спортска Мрежа за останатите натпревари е достапен овде.

На врвот на табелата е Железарец со 40 бодови, втор е СЕЕ Университи со 39 боови, трет е тимот на Каршиака со 34 бодови, а Црна Река е четврта со 30 бодови, но и меч помалку од водечката тројка.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!