ФудбалЧетврта лига

Ликова нижи победи за прво место ОФЛ Липково – целта е влез во Трета лига!

Сподели
ФОТО: KF Likova
Сподели

Екипата на Ликова игра во одлична победничка форма во Општинската фудбалска лига во Липково и цели кон влез во Третата фудбалска лига – Север за следната натпреварувачка сезона.

Тимот од село Липково победнички го отвори пролетниот дел откако со 3:1 го доби Матејче на домашен терен. Резултатот го отвори противникот за водство од 0:1 преку Ејуп Јакупи по пет минути игра, а потоа домашниот состав го сврти резултатот за водство од 2:1 на полувреме преку Зејнула Мустафи кој во 25. минута погоди за 1:1 и Јакуп Емини кој беше стрелец за 2:1.

Во вториот дел Ликова преку Шуајб Шукрија дојде и до предност од 3:1, а тоа се покажа и како конечен резултат.

Ликова сезоната ја отвори со реми против Матејче играјќи 2:2, потоа во второто коло го доби Лојане со 2:1, па следуваше победа над Влазними во Оризари со 2:3.

ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ОХРИД КУП 2026 – ПРИЈАВИТЕ СЕ ОТВОРЕНИ ЗА НОВИОТ ДЕТСКИ ФУДБАЛСКИ СПЕКТАКЛ

Победничкиот тренд продолжи и во четвртото коло за победа над Опае од минимални 0:1, а во последното есенско коло Ликова со 2:0 го доби Ваксинце.



Како што заврши 2025 година, така продолжи и 2026 година – со нова победа од 3:1 над Матејче на домашен терен.

Екипата на Ликова е на врвот од табелата со 16 бодови, пет повеќе од Влазними од Оризари кој е втор со 11 бодови. Во однос на самата табела на третото место е Ваксинце со девет бодови, Опае е на четвртото место со шест бодови, Матејче е претпоследен со пет бодови, а на дното е Лојане со четири бодови.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!