Прва женска фудбалска лигаФудбал

Величков ќе им суди на Љуботен и Речица, Велевачкоска оди во Струмица, Изеири во Скопје!

Сподели
Сподели

В четврток ќе бидат одиграни натпреварите од вонредното 14. коло на Првата женска фудбалска лига.

Познати се и судиите кои ќе бидат задолжени да ја делат правдата на четирите натпревари од прволигашката конкуренција. Ирена Велевачкоска ќе им суди на Тиверија Брера и Скопје, меч кој се игра во Струмица од 14 часот.

Фатми Бафто ќе им суди на Ас Јунајтед и Каменица Саса, натпревар кој ќе стартува во 13 часот.

Боби Величков ќе ја дели правдата на мечот меѓу шампионот Љуботен и Речица, кој е закажан за во 12 часот. Натпреварот меѓу Истатов и Топ Гол ќе го суди Вјолца Изеири од Гостивар.

Во рамки на оваа рунда слободна ќе биде екипата на Атлетико од Битола.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 14. КОЛО ПЖФЛ:

Тиверија Брера – Скопје, Ирена Велевачкоска (Прилеп)
Ас Јунајтед – Каменица Саса, Фатмир Бафто (Охрид)
Љуботен – Речица, Боби Величков (Велес)
Истатов – Топ Гол, Вјолца Изеири (Гостивар)

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Арсими и Пелистер со реми полн кое донесе шест гола и драматична завршница во Гостивар

Арсими и Пелистер одиграа спектакуларен меч во Гостивар, кој донесе шест гола, многу неизвесност и вистинска драма во самата завршница. Двете екипи поделија...

Втора лигаФудбал

ИНТЕРВЈУ | „Среќни сме што сме на првата позиција, но ќе останеме присебни“ – Кочоски за Спортска Мрежа

ГФК Охрид и официјално ја заврши најуспешната есен во последната деценија. Тимот предводен од младиот стратег Ромео Кочоски блесна во Втората лига и...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Арсими и Пелистер со реми полн кое донесе шест гола и драматична завршница во Гостивар

Арсими и Пелистер одиграа спектакуларен меч во Гостивар, кој донесе шест гола,...

Втора лигаФудбал

ИНТЕРВЈУ | „Среќни сме што сме на првата позиција, но ќе останеме присебни“ – Кочоски за Спортска Мрежа

ГФК Охрид и официјално ја заврши најуспешната есен во последната деценија. Тимот...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Арсими – Пелистер

Со натпреварот меѓу Арсими и Пелистер се затвара есенската полусезона, мечот од...

Прва лигаФудбал

Ајдини: Пелистер знае да биде опасен, нашата цел е да ја завршиме полусезоната со победа!

Арсими денес на домашен терен ќе се соочи со Пелистер, натпревар со...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!