Кошарка

Соколи го доби дербито со Ангели, како изгледа табелата во Втората кошаркарска лига?

Сподели
Сподели

По шест одиграни кола во Втората кошаркарска лига на Македонија на врвот избива Соколи од Штип со 11 бодови и скор (5-1), додека пак ист број на бодови имаат Борец Баскет кој е втор и Црн Дрим од Струга кој е трет на второлигашката табела.

Ангели сега е на 4. место на табелата со десет бодови. Маџари се спушта до петтото место на табелтаа со девет бодови, колку што имаат Мега Баскет, ланскиот прволигаш Охрид, БУтел и МЗТ Скопје.

Работнички 2018 е на 10. место со седум бодови, колку што има Водно Санс кој е претпоследен, а на дното е Академија ФМП.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА КОШАРКАРСКА ЛИГА:
# Тим ОН Поб Пор КД КП КР Бод
1 Соколи 1933 6 5 1 496 442 54 11
2 Борец Баскет 6 5 1 518 465 53 11
3 Црн Дрим 007 6 5 1 504 488 16 11
4 Ангели 6 4 2 477 432 45 10
5 КК Маџари 2023 ад 6 3 3 522 469 53 9
6 Мега баскет 6 3 3 485 463 22 9
7 ГКК Охрид ад 6 3 3 458 447 11 9
8 КК Бутел 6 3 3 493 497 -4 9
9 МЗТ Скопје Уни Банка 6 3 3 432 457 -25 9
10 Работнички 2018 6 1 5 481 484 -3 7
11 Водно Санс 6 1 5 532 607 -75 7
12 Навико Академија ФМП ад 6 0 6 374 521 -147 6

Во однос на резултати од 6. коло екипата на Работнички дома беше поразена со 65:75 од Борец Баскет, Црн Дрим со 90:64 беше пресилен за Академија ФМП, Водно Санс доживеа висок пораз од Охрид со резултат од 71:99.

МЗТ Скопје го доби дуелот со Маари со 86:76, Бутел беше подобар од Мега Баскет со 84:79, додека пак Соколи го доби дербито на колото со Ангели со 72:68.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на место во Првата футсал лига за следната сезона, откако на воведниот...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и Осогово од Крива Паланка (2:2) за отварање на 14. коло во...

Поврзани написи
Кошарка

Бадел 1862 го „урна“ шампионот Баскет Кам, Крива Паланка изби на врвот!

Третото коло од вториот дел од сезоната во женската Прва лига донесе...

Кошарка

Кожув го урна шампионот, Феникс славеше во Чаир, Гостивар сигурен против Маџари

Кошаркарската Суперлига донесе возбудливи натпревари во 20. коло, во кои Кожув приреди...

Кошарка

Четири екипи, една цел: Почнува плеј-офот за влез во Првата кошаркарска лига

Возбудувањата во македонската кошарка продолжуваат, откако овој викенд стартува плеј-офот за пополнување...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!