Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Бесплатен влез во Скопје: Македонија ја пречекува Германија во клучен квалификациски дуел

Сподели
Сподели

Женската ракометна репрезентација на Македонија ја очекува важен предизвик во квалификациите за Европското првенство, откако на домашен терен ќе се соочи со селекцијата на Германија.

Натпреварот ќе се одигра на 8 април со почеток од 18:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, а од Ракометна федерација на Македонија донесоа одлука која сигурно ќе израдува многу љубители на ракометот – влезот за овој натпревар ќе биде бесплатен.

Со ваквиот потег, целта е трибините да бидат исполнети и македонските ракометарки да добијат силна поддршка во дуелот против еден од најквалитетните европски состави. Германија, како актуелен светски вицепрвак, претставува сериозен предизвик, но воедно и можност за голем тест за домашната селекција.

Ова ќе биде и последниот натпревар на Македонија на домашен терен во овие квалификации, по што следува гостување кај Словенија, со што ќе се заокружи циклусот.



Се очекува вистинска ракометна атмосфера во Скопје, каде публиката ќе има можност бесплатно да ужива во квалитетен натпревар и да даде поддршка на националниот тим.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

„Ќе биде тежок меч, но веруваме во успех!“ – Охрид подготвен за предизвикот!

Охрид е пред уште еден голем европски предизвик, натпревар што носи тежина, притисок, но и огромна можност за успех. Во пресрет на реваншот...

РакометРакометна репрезентација

Лазаров пресече: Објавен поширокиот список за дуелот со Словачка

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го соопшти поширокиот список на ракометари на кои ќе смета за претстојниот бараж дуел со...

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Лазаров пресече: Објавен поширокиот список за дуелот со Словачка

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го соопшти поширокиот список...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезентација до 15 години поразена од Велс

Фудбалската репрезентација до 15 години го забележа првиот пораз на Турнирот на...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Пуштени се во продажба влезниците за натпреварот Македонија – Ирска

Кошаркарската федерација на Македонија, како организатор на натпреварот меѓу Македонија и Ирска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!