Прва лигаФудбал

Секуловски: Респект за Шкендија, но одиме по позитивен резултат во Тетово

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели

Пелистер денес игра против Шкендија во Тетово, клучен и многу важен меч во трката за опстанок на битолчани, ова ќе биде деби на старо-новиот тренер Марјан Секуловски, кој ја презеде клупата на Пелистер во момент кога тимот има три порази и две ремија од последните пет средби.

Секуловски истакна дека добро работеле во изминатите десет дена и дека е задоволен од сработеното, притоа нагласи дека имаат почит кон Шкендија, но одат по позитивен резултат во Тетово.

„Добро работиме во изминатите 10 дена и задоволен сум од ангажманот на играчите. Првиот натпревар ни е против Шкендија и во овој период се обидовме да поставиме работи што ќе ни бидат корисни за утрешниот дуел. Имаме максимален респект за противникот — нивните резултати во првенството, Купот и особено во европските натпреварувања зборуваат сами за себе. Ние ќе се обидеме да одиграме максимално сконцентрирано и да ги искористиме шансите што ќе ни се укажат“, вели тренерот на Пелистер.

Натпреварот меѓу Шкендија и Пелистер се игра денес и стартува во 13:30 часот.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!