Останато

Македонија без Ѓорческа и Стоилковска ќе настапи во Бања Лука на БЏК купот

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Женската тениска репрезентација на Македонија отпатува за Бања Лука, каде од 6 до 11 април ќе настапува во рамки на Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг купот. Оваа година во конкуренција се десет селекции, а системот на натпреварување е изменет.

Годинашното издание обединува седум европски и три африкански репрезентации. Македонија ќе настапи со подмладен состав во кој се Сара Митевска, Ана Митевска, Јана Божиновска и Зара Зафировска. Натпреварите ќе се играат на отворено, на земјена подлога.

„Имавме добри подготовки, девојките тренираа напорно и атмосферата во тимот е одлична. Сме најмлада репрезентација, па во повеќето мечеви противничките ќе ја имаат фаворитската улога, но ние ќе се бориме и ќе се обидеме да приредиме изненадувања“, изјави селекторот Кристијан Вангелов, за кого ова ќе биде деби на клупата.

Во однос на отсуството на искусните Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска, Вангелов појасни дека Ѓорческа била пријавена, но поради повреда морала да го промени својот календар и да го откаже настапот. Стоилковска, пак, моментално не настапува, а како што најави селекторот, причината е позитивна и таа самата ќе ја сподели во наредниот период.

Десетте репрезентации ќе бидат поделени во две групи од по пет тима, каде ќе се игра по систем „секој со секого“. Двете најдобри селекции од секоја група ќе се вкрстат во полуфинале (А1-Б2 и Б1-А2), а победниците ќе обезбедат пласман во Првата Евро-африканска зона.

Селекциите кои ќе завршат на третото и четвртото место ќе играат мечеви за опстанок, додека последнопласираните од групите ќе се соочат меѓусебно за конечен пласман. Натпреварите од групната фаза ќе се играат од понеделник до петок, а завршните мечеви се закажани за сабота.

Ждрепката за групите ќе се одржи во недела. Од Европа учеснички се Австрија, Бугарија, Кипар, Финска, Грција, Македонија, Норвешка и домаќинот Босна и Херцеговина, додека од Африка ќе настапат Египет, Мароко и Јужна Африка.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

Михаил Стојанов е ново засилување за КК Кожув

КК Кожув го претстави своето ново засилување за сезоната – 21-годишниот македонски бек Михаил Стојанов. Стојанов е висок 185 сантиметри, а во изминатите...

Прва лигаФудбал

Промена на теренот: ГФК Тиквеш и ФК Скопје ќе играат на ФФМ

Од ГФК Тиквеш информираат дека утрешниот натпревар од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) против ФК Скопје ќе претрпи промена на...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

Останато

Дарио Ивановски го заврши маратонот на ЕП во Бирмингем на 46. место

Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, денес настапи на Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!