Ракомет

Вардар рутински против „вториот тим“ на Охрид – дербито без неизвесност во Скопје

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Ракометарите на Вардар 1961 без поголеми проблеми го совладаа Охрид со убедливи 31-21 (17-12) во рамки на третото коло од плеј-офот во Суперлигата.

Натпреварот кој требаше да биде дерби, не го оправда очекувањето, откако гостинскиот тим настапи со значително изменет состав, со многу млади играчи, поради реванш дуелот против Олимпијакос во ЕХФ Европскиот куп.

Иако Охрид изненади на стартот и во неколку наврати имаше предност (3-5, 5-7), Вардар брзо ја презеде контролата и со серија голови направи пресврт, по што до крајот сигурно ја одржуваше предноста. На полувремето „црвено-црните“ имаа плус пет (17-12), а во вториот дел разликата постепено растеше до конечните десет голови разлика.

Најефикасен во редовите на Вардар беше Урош Митровиќ со 6 погодоци, додека Хориха додаде 4. Кај Охрид, најрасположен беше Дејан Кукуловски со 6 голови, а Никола Ристески постигна 4.

Со оваа победа Вардар останува лидер на табелата во плеј-офот и го потврдува статусот главен фаворит за титулата, додека Охрид вниманието го насочува кон европските предизвици.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Овој викенд нема да се одиграат два натпревари од 2. коло во ВМФЛ

Двата натпревари од 2. коло во Втората македонска фудбалска лига кои беа предвидени да се одиграат во сабота се одложени. Станува збор за...

Кошарка

Михаил Стојанов е ново засилување за КК Кожув

КК Кожув го претстави своето ново засилување за сезоната – 21-годишниот македонски бек Михаил Стојанов. Стојанов е висок 185 сантиметри, а во изминатите...

Поврзани написи
Ракомет

ФОТО: Сигурна победа за Тримо Требње над Нексе Нашице на турнирот во Охрид

Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако...

Ракомет

Денес започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Денес започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а...

Ракомет

Срдановиќ: „Сметам дека овој натпревар не е вистинската слика за нас“

ГРК Охрид продолжува со победнички чекори на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, а...

Ракомет

ФОТО: Охрид со моќно второ полувреме до нова победа – „гладијаторите“ на чекор до финале на „Крсте Андоновски“

ГРК Охрид продолжува со одличниот настап на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!