Прва лигаФудбал

Тиквеш не се предаде – Лавал во судиското надополнување донесе бод против Башкими

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Возбудлив натпревар со драматичен финиш го отвори 25. коло во Првата македонска фудбалска лига, каде Башкими и Тиквеш ремизираа 2:2 во дуел во кој сите голови паднаа во второто полувреме.

Првиот дел помина во мирен ритам, со малку шанси на двете страни. Домаќините се заканија преку Рибеиро, додека на спротивната страна се обиде Стојанов, но голманите беа сигурни и мрежите мируваа.

Продолжението донесе целосно поинаква слика. Тиквеш прв дојде до предност во 54. минута, кога по ударот на Стојанов во стативата, Сила најдобро се снајде и ја смести топката во мрежата за 0:1.

Башкими брзо реагираше и доби можност за израмнување од пенал, но Аворнио не беше прецизен. Сепак, напаѓачот веднаш се искупи и по одбиена топка израмни на 1:1. Истото име повторно беше во центарот на вниманието во 74. минута, кога со својот втор погодок донесе пресврт и водство од 2:1 за домаќините.

Кога се чинеше дека бодовите ќе останат во Куманово, Тиквеш покажа карактер во самиот финиш. Во 92. минута, резервистот Лавал се најде на вистинското место и со прецизен удар ги постави конечните 2:2.

До крајот имаше уште возбудувања – Саити пропушти голема шанса за Башкими, а еден погодок на домаќините беше поништен поради офсајд.

Со ова реми, Тиквеш ја прекина победничката серија, но остана на петтото место со 37 бодови, додека Башкими е веднаш зад него со 36.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, стратегот продолжува во Кувајт

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, младиот стратег кариерата ја продолжува во Кувајт, токму тоа е и причината за разделбата меѓу двете...

Ракомет

Еурофарм Пелистер немоќен во Германија: Гумерсбах го казни падот на битолчани

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да стигнат до позитивен резултат на гостувањето во Германија, откако загубија од Гумерсбах со убедливи 38-28 во...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, стратегот продолжува во Кувајт

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, младиот стратег кариерата ја продолжува...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Тренерска промена поради лоши резултати: Влатко Новаков го презеде третолигашот Карбинци

По пет одиграни кола третолигашот Карбинци има пет порази на толку натпревари...

Втора лигаФудбал

Спирко Златков нов тренер на Осогово, второлигашот од Кочани и со нов тренер на голмани

Второлигашот Осогово го назначи Спирко Златков за нов шеф на стручниот штаб,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!